Детскиот Летен Нинџа Камп помина во неверојатна атмосфера, а исто како и минатата година, така и оваа имавме и учесник од странство, така што настанот веќе сигурно прераснува во интернационален.
Вкупно 22 дечиња од Македонија и од Италија уживаа вежбајќи ги јапонските нинџа вештини донесени во нашата земја од страна на учителот Игор Довезенски, а надгледувани од будните очи на Таки Гаковски и неговите помошници Косара, Ксенија и Петар Довезенски.
Целиот камп помина во многу забава, тренинг, различни активности, а децата се вратија презадоволни во своите домови и на радост на нивните родители, побогати за едно големо животно искуство.
Се гледаме следната година!