Во периодот од 4-ти до 12-ти август, во Хомбу Доџото на Организацијата „Пат кон Сонцето“, по дванаесети пат се одржа легендарниот и надалеку проучениот настан на Буџинкан Македонија – Летниот Нинџа Камп.

Поради ситуацијата со корона вирусот и почитувањето на мерките предвидени од властите на Република Македонија, оваа година бевме принудени учеството да го ограничиме на само 15 учесници. Како и да е, дури и во услови на пандемија и економска криза, целосно беа задржани квалитетот, како и содржините на кампот.

Им благодариме на сите учесници за подршката, а воедно го изразуваме нашето задоволство поради сите прекрасни зборови искажани и упатени на нашата адреса.
Се гледаме следната година!











класични јапонски боречки вештини „Пат кон Сонцето“ беа подучувани за начините на давање прва помош на лица кои се повредени во сообраќајни или друг вид на незгоди, на лица со изгореници или жртви на давење во вода, но и при разни ненадејни акутни состојби опасни по животот на најблиските.
промовиран првиот манга (јапонски стрип) на македонски јазик во издание на Организацијата за изучување класични јапонски самурајски и нинџа вештини – Пат кон Сонцето.