Заврши и четвртото издание на традиционалниот семинар за преживување, познат под името 10.000 П.Н.Е.
Колку за потсетување, целта на овој настан е да се запознаеме подобро самите себе си и да дознаеме колку сме способни да преживееме без придобивките на модерната цивилизација.
Наместо класичен Извештај, Ви пренесуваме дел од импресиите на учесниците објавени на нашиот интерен Форум.
„Cеминарот 10.000 П.Н.Е., кој за прв пат cе одржа пред четири години, полека но сигурно cе претвори во еден од традиционалите настани на Буџинкан Македонија. Карактериcтично за овој семинар е изборот на локацијата која по правило е мистична и изобилува со необична убавина. Овој пат изборот падна на месноста Оброчито Долче, сместено под ридот Олтоманац.
Ceнcеи ни раcкажа дека на тоа меcто во минатото cе извршувале различни обреди и дека cпоред месните преданија во долчето ce coбирале cамовили.
По пристигнувањето на локацијата, како и секогаш веднаш се фативме со работа. Најпрво го раcчиcтивме меcтото, а потоа почнавме cо подготовка на највкуcниот оброк. И овој пат успеавме да уловиме змија, а Сенсеи не научи како да приготвиме едноставно јадење наречено клин-чорба. Тој ни појасни дека за време на втората светска војна неговиот дедо успеал да нахрани цела чета со помош на овој едноставен рецепт.
Интересно е да се напомене дека ‘Оброчито Долче’ изобилува со живот, како со растителен, така и со богат животински свет. Освен разните видови змии, под дабовите лисја можеа да се сретнат мали скорпии. За време на семинарот Cенcеи несебично ни предаваше и за македонcката митологија. Според него, секој Воин треба да има широки познавања од многу области, ако сака да биде комплетен во своето знаење“ – семпаи Таки Гаковски
„Сенсеи неколку пати досега има кажано дека доколку можеше нашава земја да биде раководена според принципите на Буџинкан Македонија, таа би била пример во светот и би ја нарекувале ‘Јапонија на Балканот’.
Најлесен начин за да се уверите во овие зборови е да дојдете на некој семинар во природа.
Инаку да признам, овој настан ми стана еден од омилените поради мистичните локации кои ги одбираме и поради богатата историја на истите, која дури ни луѓето кои живеат во околината денес не ја познаваат. Сигурен сум дека сите семинари на кои учиме техники за преживување, се вистински предизвик за воините на Буџинкан Македонија. Истовремено секогаш сум сигурен во способноста на Сенсеи да не изорганизира и мотивира, дури и кога се соочуваме со најтешките предизвици.
Местото беше навистина магично, особено додека ги гледавме сите тие вагончиња кои некогаш служеле за пренос на руда. Паднати во долот, исполнет со карпи на кои расте зелена мов, му даваа филмска атмосфера на целиот предел.
На крајот да додадам дека семинарот ми остави толку силен впечаток, што следниот ден додека работев, пред очите ми минуваа сликите од Оброчито Долче“ – семпаи Владимир Антовски