2007 – Добра година за Буџинкан Македонија

Posted on Categories Home

b0dbade3-8413-4d57-9ff3-1730db8400aa.jpgНа вчерашниот тренинг беа прогласени најдобрите ученици на Школото за
борбени вештини Пат кон Сонцето – Хомбу Доџо за 2007 година.
За својот труд, залагање, упорност, редовност и љубов кон вештината и
школото, пофалници добија учениците Марјан Прошев и Менка Стојаноска.
Со благодарница за помош и подршка на развојот на Буџинкан Нинџутсу во
Македонија се закити дизајнерот на нашата веб-страница, Игор Савиќ.
Наградата можеби за некого претставува само парче хартија, но за нас, тоа е огромно признание.
Веруваме дека наградените ќе продолжат со исто темпо и дека ќе им
претставуваат пример на останатите за тоа „како се бранат боите на
својот клуб“.

*****************************************************************

Заврши уште една година. Беше посветена на Кукишинден Рју. Од оваа дистанца можеме да ја оцениме како добра.
Организиравме два меѓународни семинари и неколку во природа (бајаги повеќе).
Во 2007 година, се запишаа над 50 кандидати, но бидејќи нинџутсу е
искрена вештина во која што опстануваат само најдобрите, најупорните и
најцврстите, од сите нив останаа само десетина. Најголем дел се
откажуваат уште на самиот старт, сакајќи преку ноќ да станат нинџи и да
работат напредни техники. Такво нешто постои само во филмовите со лоша
продукција.
Заминаа и дел од старите членови. Секој поради лични причини и обврски.  Секој со свој изговор. Така е секогаш во животот.
Од друга страна, се запишаа нови ученици кои го пополнија нивното место (не само во физичка, туку и во духовна смисла).
Во моментов нашето школо брои 21 редовни, а во секцијата во Битола вежбаат уште 5 ученици.
Во 2008 се надеваме дека нивниот број ќе се зголеми. И понатаму,
бројката не ни е важна. Ни требаат квалитетни и упорни луѓе, чесни и
одлучни. Имало моменти кога нашето школо броело по 90, но имало и
падови кога на тренинг доаѓале по тројца ученици. Денес имаме
прочистено една одлична група која можеме да ја наречеме дел од нашето
боречко семејство.
Одиме напред, во нови победи. Нинпо Иккан !

*****************************************************************

За време на новогодишните празници Школото за борбени вештини Пат кон
Сонцето – Хомбу Доџо ќе биде затворено само на 1 јануари, 2008 година,
додека останатите денови ќе одржува редовни тренинзи.
Ги повикуваме сите заинтересирани за нашата вештина да почнат да вежбаат со нас.
На сите наши членови и пријатели им посакуваме се најубаво во новата 2008 година. Нека ни е честит Божиќ !

Akemashite Omedeto Gozaimasu!

Успешно одржан семинарот за почетници – Фукија Џутсу

Posted on Categories Home

62f25668-1011-4bbb-ab82-5b6923c749da.jpgВо влажни временски услови, но со голема желба во срцето, учениците од
почетната група на Буџинкан Македонија од Хомбу доџото успешно ги
совладаа основните техники на нинџутсу вештината Фукија Џутсу.
Учесниците на овој возбудлив семинар најпрвин се запознаа со
историјата, начинот на изработка, можностите и намената на ова оружје,
а потоа ги совладуваа техниките на гаѓање. Покрај стрелањето од четири
основни положби (камае), учениците увежбуваа и гаѓање во подвижна мета,
гаѓање на големи далечини, како и поставување заседи и борба со повеќе
противници.
На крајот, задоволни од наученото, учесниците посакаа што поскоро да се
организира уште еден семинар во природа на кој што ќе можат да ги
совладат тајните на уште некое нинџа оружје.
Само напред!

Тогакуре рју Нинџутсу / Нинпо – Тема за 2008 година

Posted on Categories Home

Како и секоја година, поглаварот на организацијата Буџинкан Доџо, соке
Масааки Хатсуми, после неговиот роденден на 2 декември, ја соопштува
темата за следната година.
Така, според неговата одлука, во 2008 година сите клубови членки на
Буџинкан Доџо ќе ја обработуваат школата Тогакуре рју Нинџутсу.
Верувам дека ова ќе биде одлична година за сите нас.

Семинар во природа за почетници на тема Фукија Џутсу

Posted on Categories Home

fc4df1f9-4c04-4d99-a762-607294257b03.JPGНа 09 декември (недела), Нинџутсу Сојузот Буџинкан Македонија ќе одржи
семинар во природа на тема Фукија Џутсу (Вештина на користење дувалка
за стрелки).
На семинарот ќе се обработуваат разни техники со фукија, а ќе се
запознаеме и со историјата и намената на ова оружје кое било користено
од страна на нинџа воините од школата Тогакуре рју.
Семинарот е предвиден само за учениците од почетната група односно за оние кои досега не вежбале Фукија Џутсу.
Секој учесник добива фукија (дувалка), стрелки и сертификат за помината основна обука за споменатата вештина.
 
Тема: Фукија Џутсу

Ден: 09 декември, 2007 година

Место: Јоевска Маала (Липац)

Програма:    08.00 часот – поаѓање од Скопје
                     09.00 часот – пристигнување
                     10.00 -15.00 часот – теоретски и практичен дел
                     16.00 ручек
                     16.30 враќање назад

Цена: 1.200 денари – во цената е вклучено: семинарска такса, превоз, сертификат + Фукија и Стрелки

Пријавете се на време на е-маил или во доџо.
Семинарот ќе се одржи без разлика на временските услови.