2007 – Добра година за Буџинкан Македонија

Posted on Categories Почетна

b0dbade3-8413-4d57-9ff3-1730db8400aa.jpgНа вчерашниот тренинг беа прогласени најдобрите ученици на Школото за
борбени вештини Пат кон Сонцето – Хомбу Доџо за 2007 година.
За својот труд, залагање, упорност, редовност и љубов кон вештината и
школото, пофалници добија учениците Марјан Прошев и Менка Стојаноска.
Со благодарница за помош и подршка на развојот на Буџинкан Нинџутсу во
Македонија се закити дизајнерот на нашата веб-страница, Игор Савиќ.
Наградата можеби за некого претставува само парче хартија, но за нас, тоа е огромно признание.
Веруваме дека наградените ќе продолжат со исто темпо и дека ќе им
претставуваат пример на останатите за тоа „како се бранат боите на
својот клуб“.

*****************************************************************

Заврши уште една година. Беше посветена на Кукишинден Рју. Од оваа дистанца можеме да ја оцениме како добра.
Организиравме два меѓународни семинари и неколку во природа (бајаги повеќе).
Во 2007 година, се запишаа над 50 кандидати, но бидејќи нинџутсу е
искрена вештина во која што опстануваат само најдобрите, најупорните и
најцврстите, од сите нив останаа само десетина. Најголем дел се
откажуваат уште на самиот старт, сакајќи преку ноќ да станат нинџи и да
работат напредни техники. Такво нешто постои само во филмовите со лоша
продукција.
Заминаа и дел од старите членови. Секој поради лични причини и обврски.  Секој со свој изговор. Така е секогаш во животот.
Од друга страна, се запишаа нови ученици кои го пополнија нивното место (не само во физичка, туку и во духовна смисла).
Во моментов нашето школо брои 21 редовни, а во секцијата во Битола вежбаат уште 5 ученици.
Во 2008 се надеваме дека нивниот број ќе се зголеми. И понатаму,
бројката не ни е важна. Ни требаат квалитетни и упорни луѓе, чесни и
одлучни. Имало моменти кога нашето школо броело по 90, но имало и
падови кога на тренинг доаѓале по тројца ученици. Денес имаме
прочистено една одлична група која можеме да ја наречеме дел од нашето
боречко семејство.
Одиме напред, во нови победи. Нинпо Иккан !

*****************************************************************

За време на новогодишните празници Школото за борбени вештини Пат кон
Сонцето – Хомбу Доџо ќе биде затворено само на 1 јануари, 2008 година,
додека останатите денови ќе одржува редовни тренинзи.
Ги повикуваме сите заинтересирани за нашата вештина да почнат да вежбаат со нас.
На сите наши членови и пријатели им посакуваме се најубаво во новата 2008 година. Нека ни е честит Божиќ !

Akemashite Omedeto Gozaimasu!