Одржан семинарот во Битола

Posted on Categories Home

88820f13-c0fb-4272-8fd4-17f8aacd9061.jpgВо организација на Школото за борбени вештини Пат кон Сонцето-Битола,
во неделата во Битола се одржа семинар на тема Кихон Хаппо. На
семинарот учествуваа членови од битолското доџо, како и членови од
Хомбу Доџо-то од Скопје.
На семинарот се работеа осумтте основни техники на Буџинкан Будо
Таиџутсу (Bujinkan Budo Taijutsu), а за секоја техника беа прикажани и
по неколку варијанти. Покрај техничките карактеристики, присутните на
семинарот имаа можност да се запознат и со психолошкиот аспект на
техниките.
На семинарот беа доделени и две дипломи за 7 кју на Момо Белески и на Марјан Наумовски.
По барање на членовите од битолското доџо, беше договорено набрзо да се одржи уште еден семинар во овој град.
Истовремено ве потсетуваме дека нашата организација Буџинкан Македонија
(Bujinkan Macedonia) е членка на светската нинџутсу организација
Буџинкан Доџо под водство на големиот мајстор Соке Масааки Хатсуми. 

Прв нинџутсу семинар во Битола

Posted on Categories Home

d1a04ea6-73d5-4ea6-a05f-be4ef9ce30dc.jpgНа 27 мај, 2007 година, во организација на Школото за борбени вештини
Пат кон Сонцето-Битола, ќе се одржи првиот нинџутсу семинар во овој
град.
Тема на семинарот ќе биде Кихон Хаппо (осум основни бесконечни
техники), преку кои учесниците ќе можат подобро да се запознат со
древната јапонска вештина нинџутсу.
По завршување на семинарот, ќе се одржи мала свеченост на која ќе бидат
доделени дипломи, со што и официјално ќе биде отворен вториот Буџинкан
нинџутсу клуб во Македонија.
Истовремено, ги известуваме сите наши пријатели дека клубот во Скопје
се преименува во Пат кон Сонцето Хомбу Доџо (централно школо).

Тема: Кихон Хаппо
Време: 27 мај од 11.00 до 15.00
Место: Битола
Цена: 400 денари

Успешно одржан семинарот Јуми Ја Џутсу

Posted on Categories Home

b63de671-a991-4b81-9c2c-9ebc3d13065f.jpgВо месноста Пударница на планината Липац, во тешки временски услови,
успешно се одржа семинарот Јуми Ја Џутсу (вештина на користење лак и
стрела). На семинарот учество земаа четворица ученици од почетничката
група на Школото за борбени вештини Пат кон Сонцето.
Семинарот започна со подготовка на материјалот за изработка на лак и
стрела, кој многу лесно може да се најде во нашата природна средина.
Потоа, започна искачувањето до местото предвидено за вежбање-Пударница,
кое се наоѓа на околу 750 м.н.в., а при тоа, сите учесници беа
оптоварени со соодветна борбена опрема. Температурата беше 34 степени,
а патот беше обраснат со густи грмушки и трња, но сепак, тоа не ги
поколеба нашите упорни вежбачи.
По пристигнувањето во Пударница, се започна со теоретскиот дел односно
со предавање за историјата, начинот на изработка, филозофијата како и
за стратегијата и техниките потребни при користењето на лакот и
стрелата.
Потоа учениците беа запознаени со начинот на изработка на лак и стрела,
што повторно се покажа како најтежок дел од обуката. По ова, учесниците
вежбаа гаѓање од четири основни ставови (јуми ја камае), при што
покажаа задоволителни резултати.
Семинарот заврши со свечен селски ручек под сенка на стари ореови дрвја.
На крајот, беше договорено да се одржи уште еден семинар на оваа тема, со оглед на сложеноста на оваа вештина.

Семинар во природа – Јуми Ја Џутсу

Posted on Categories Home

d632a71c-9d3d-40c3-893b-1c27905689dd.jpgНа 13 мај, 2007 година, Буџинкан Македонија ќе организира семинар во природа на тема Јуми Ја Џутсу (вештина на користење лак и стрела).
Семинарот е од затворен тип односно на него ќе можат да учествуваат само членовите на нашата организација.
Учесниците на семинарот ќе можат да научат како се изработуваат овие
древни орудија, како и кога се користат, односно ќе се изврши комплетна
основна обука за користење на лакот и стрелата.

Ден: 13 мај (2007)

Место: „Рудник“ под ридот Орљак (ако врне), „Пударница“ на Липац (ако е суво)

Програма:    08.30 часот – поаѓање од Скопје
                     09.30 часот – пристигнување
                     10.00 -16.00 часот – теоретски и практичен дел
                     17.00 ручек
                     17.30 враќање назад

Цена: 1.200 денари (во цената е вклучено: семинарска такса, превоз, лак и стрела и ручек)

Сите учесници добиваат сертификат за основна обука на лак и стрела.