Ниту високата температура на воздухот, ниту 6-часовното постојано
вежбање во речна вода (при тоа со облека на себе), не можеше да ги
поколеба воините од Хомбу Доџото на Буџинкан Македонија да ја совладат
вештината Суи Рен.
Тренингот започна во 09.00 часот, кога учениците и учителот веднаш
влегоа во ладната вода започнувајќи со изучување на основните техники
на обуката во вода.
Како што температурата во водата се зголемуваше, така и учесниците на
семинарот го зголемуваа своето знање и постигнуваа се подобри
резултати. Тие имаа можност да испробаат како функционираат таиџутсу
техниките во услови кога телото до пола се наоѓа во вода. Врв на се
беше успешното дишење во вода низ цевка (фукија или корица од меч), при
што секој ученик издржа пет минути под вода без никакви проблеми.
Освен тоа, членовите на Хомбу Доџото на Буџинкан Македонија научија
како да обезбедат храна и да ја прочистат речната вода за пиење, но и
многу други работи за кои нема доволно место да се напише тука.
Се на се, на огромно задоволство на сите, семинарот беше повеќе од
одличен, како и дружењето на „ѕверовите“ од Буџинкан Македонија кое
заврши со убав селски ручек (како и секогаш).
Видете го колажот фотографии во „Семинари“, а наскоро и фотографиите во Фото галеријата.
Category: Home
Категорија news
Семинар во природа-Суи Рен (обука во вода)
На 1 јули, 2007 година, Буџинкан Македонија ќе организира семинар во природа на тема Суи Рен (обука во вода). Ова е одлична можност за сите наши членови да научат повеќе за оваа вештина која е една од 18 основни боречки вештини (Ninja Juhakkei), што секој нинџа морал да ги совлада за време на својата обука. Истовремено ве известуваме дека ова е предпоследен семинар во природа за овој семестар.
Тема: Суи Рен / средства за преминување преку вода, водата како оружје, алатки за дишење под вода, невидливост во водена средина, преживување преку обезбедување вода за пиење итн. (дел од техниките кои ќе се учат на семинарот)
Ден: 1 јули, 2007 (недела)
Место: Глушчево Ѓерме на Крива Река
Програма: 08.30 часот – поаѓање од Скопје
09.30 часот – пристигнување
10.00 -16.00 часот – теоретски и практичен дел
17.00 ручек
17.30 враќање назад
Цена: 1.200 денари (во цената е вклучено: семинарска такса, превоз и ручек)
Сите учесници добиваат сертификат за Суи Рен.
Семинарот ќе се одржи без разлика на временските услови.
Неделен тренинг во Хомбу Доџо
Известувања
-Во недела редовен тренинг во Хомбу Доџо-то на тема Таихен Џутсу.
Почеток во 11.00 до 15.00 часот.
-Истовремено ве известуваме дека во продукција на Пат кон Сонцето Хомбу
Доџо излегоа два ДВД наслови и тоа: „Кукишинден Рју семинар Македонија
2007“ со Дејвид Холт и „Буџинкан Македонија семинар во Битола 2007“.
Цената на секој од насловите е 10 евра (за членовите на Буџинкан Македонија) односно 30 евра (за останатите).
Одржан семинарот во Битола
Во организација на Школото за борбени вештини Пат кон Сонцето-Битола,
во неделата во Битола се одржа семинар на тема Кихон Хаппо. На
семинарот учествуваа членови од битолското доџо, како и членови од
Хомбу Доџо-то од Скопје.
На семинарот се работеа осумтте основни техники на Буџинкан Будо
Таиџутсу (Bujinkan Budo Taijutsu), а за секоја техника беа прикажани и
по неколку варијанти. Покрај техничките карактеристики, присутните на
семинарот имаа можност да се запознат и со психолошкиот аспект на
техниките.
На семинарот беа доделени и две дипломи за 7 кју на Момо Белески и на Марјан Наумовски.
По барање на членовите од битолското доџо, беше договорено набрзо да се одржи уште еден семинар во овој град.
Истовремено ве потсетуваме дека нашата организација Буџинкан Македонија
(Bujinkan Macedonia) е членка на светската нинџутсу организација
Буџинкан Доџо под водство на големиот мајстор Соке Масааки Хатсуми.
Прв нинџутсу семинар во Битола
На 27 мај, 2007 година, во организација на Школото за борбени вештини
Пат кон Сонцето-Битола, ќе се одржи првиот нинџутсу семинар во овој
град.
Тема на семинарот ќе биде Кихон Хаппо (осум основни бесконечни
техники), преку кои учесниците ќе можат подобро да се запознат со
древната јапонска вештина нинџутсу.
По завршување на семинарот, ќе се одржи мала свеченост на која ќе бидат
доделени дипломи, со што и официјално ќе биде отворен вториот Буџинкан
нинџутсу клуб во Македонија.
Истовремено, ги известуваме сите наши пријатели дека клубот во Скопје
се преименува во Пат кон Сонцето Хомбу Доџо (централно школо).
Тема: Кихон Хаппо
Време: 27 мај од 11.00 до 15.00
Место: Битола
Цена: 400 денари
Успешно одржан семинарот Јуми Ја Џутсу
Во месноста Пударница на планината Липац, во тешки временски услови,
успешно се одржа семинарот Јуми Ја Џутсу (вештина на користење лак и
стрела). На семинарот учество земаа четворица ученици од почетничката
група на Школото за борбени вештини Пат кон Сонцето.
Семинарот започна со подготовка на материјалот за изработка на лак и
стрела, кој многу лесно може да се најде во нашата природна средина.
Потоа, започна искачувањето до местото предвидено за вежбање-Пударница,
кое се наоѓа на околу 750 м.н.в., а при тоа, сите учесници беа
оптоварени со соодветна борбена опрема. Температурата беше 34 степени,
а патот беше обраснат со густи грмушки и трња, но сепак, тоа не ги
поколеба нашите упорни вежбачи.
По пристигнувањето во Пударница, се започна со теоретскиот дел односно
со предавање за историјата, начинот на изработка, филозофијата како и
за стратегијата и техниките потребни при користењето на лакот и
стрелата.
Потоа учениците беа запознаени со начинот на изработка на лак и стрела,
што повторно се покажа како најтежок дел од обуката. По ова, учесниците
вежбаа гаѓање од четири основни ставови (јуми ја камае), при што
покажаа задоволителни резултати.
Семинарот заврши со свечен селски ручек под сенка на стари ореови дрвја.
На крајот, беше договорено да се одржи уште еден семинар на оваа тема, со оглед на сложеноста на оваа вештина.
Семинар во природа – Јуми Ја Џутсу
На 13 мај, 2007 година, Буџинкан Македонија ќе организира семинар во природа на тема Јуми Ја Џутсу (вештина на користење лак и стрела).
Семинарот е од затворен тип односно на него ќе можат да учествуваат само членовите на нашата организација.
Учесниците на семинарот ќе можат да научат како се изработуваат овие
древни орудија, како и кога се користат, односно ќе се изврши комплетна
основна обука за користење на лакот и стрелата.
Ден: 13 мај (2007)
Место: „Рудник“ под ридот Орљак (ако врне), „Пударница“ на Липац (ако е суво)
Програма: 08.30 часот – поаѓање од Скопје
09.30 часот – пристигнување
10.00 -16.00 часот – теоретски и практичен дел
17.00 ручек
17.30 враќање назад
Цена: 1.200 денари (во цената е вклучено: семинарска такса, превоз, лак и стрела и ручек)
Сите учесници добиваат сертификат за основна обука на лак и стрела.
Најава!!!
13 Мај 2007 – Семинар во природа на тема: Шиноби Јуми Ја (нинџа лак и стрела)
27 Мај 2007 – Семинар во Битола на тема: Кихон Хаппо (осум бесконечни основни техники) и официјално отварање на Пат кон Сонцето-Битола
Ноември 2007 – Меѓународен нинџутсу семинар „Нинпо Бују Кеико II“ на тема: Кукишинден Рју со шидоши Марио Тушек.
Следните денови (месеци) со дополнителни информации за сите најавени семинари.
Работилница Сеишин Теки Кјојо
Инструкторот на Пат кон Сонцето доџо-Буџинкан Македонија, Игор Довезенски, одржа работилница на тема: Сеишин Теки Кјојо (духовно усовршување). На работилницата присуствуваа постарите членови на нашиот клуб, кои што искажаа одлични критики за предавањето.
Следното предавање е предвидено за 2010 година.
Пат кон Сонцето и во Битола
Школото за борбени вештини Пат кон Сонцето наскоро и официјално ќе го
отвори вториот нинџутсу клуб во Македонија, кој ќе биде дел од
официјалниот сојуз-Буџинкан Македонија.
Отворањето на Пат кон Сонцето-Битола ќе биде проследено со семинар на
кој ќе земат учество и членовите на Пат кон Сонцето од Хомбу доџото во
Скопје.
Наскоро очекувајте повеќе информации во врска со овој настан.
Истовремено ги повикуваме и охрабруваме сите кои се заинтересирани да
отворат клуб во својот град (од внатрешноста на Македонија) и да ја
изучуваат нашата вештина, да не контактираат преку нашиот е-маил.
Буџинкан Македонија Гамбате Не !!!
Bujinkan Makedonija Gambate Ne !!!