Одржан семинар за Даито рју и Оно ха Итто рју во Македонија

Posted on Categories Home

12092011222906certa76.jpgВикендов во главниот
град на Македонија се одржа семинар за Даито рју Аикиџуџутсу и Оно Ха Итто рју
Кенџутсу (Такеда ден) под водство на единствениот нејапонски шихан за овие две
традиционални јапонски школи, Антонино Черта од Италија.

Семинарот беше организиран од страна на огранокот на Европската организација
Даито Каи за Македонија, „Корју доџо“, кое заедно со доџо-то „Буџинкан
Македонија“ ја сочинуваат единствената организација која ги негува класичните
јапонски боречки школи во нашата земја – Пат кон Сонцето.

Во договор со сенсеи Черта, одлучивме настанот да биде затворен за јавност и на
него да можат да учествуваат само членовите на нашата организација, додека
следната година семинарот ќе биде отворен за сите кои сакаат да научат повеќе
за овие вештини.

Инаку, сенсеи Черта пристигна во Македонија уште во четврток наутро, по што
веднаш го започна тренингот со неговиот личен ученик и претставник за
Македонија, Игор Довезенски.
Следниот ден, тренинзите продолжија во подножјето на планината Липац односно на
местото каде што се гради Хомбу доџо-то на Пат кон Сонцето.
Во саботата започна и официјалниот дел на семинарот, 12092011222930certa897.jpgна кој се работеа техники
од нивоата Икаџо, Никаџо и Санкаџо од Хиден Мокуроку, додека во пладневните
часови се вежбаа субури, кихон и кати од Оно ха Итти рју Кенџутсу.
Истиот распоред продолжи и во неделата, кога заврши и официјалниот дел од
семинарот.

За време на петте дена колку што сенсеи Черта беше во Македонија, тој имаше
можност да се запознае и со македонската култура и традиција кои што слободно
можеме да кажеме дека го оставија без зборови. Учителот посети неколку
македонски села и градови, каде што уживаше во македонската традиционална
кујна, а уште повеќе во разгледувањето на нашите преубави светилишта.

За квалитетот на подучувањето на сенсеи Черта, нема што многу да се зборува.
Како и секогаш, тоа е на највисоко ниво, а тој несебично се труди да пренесе
колку што може повеќе од ове две традиционални јапонски школи.