Под водство на инструкторите Игор Довезенски и Ерџан Шарбат, во Истанбул (Република Турција), се одржа деветтиот по ред меѓународен семинар БуЈуКаи.

За време на настанот, Довезенски предаваше техники од Таиџутсу и Кодачиџутсу, додека Шарбат предаваше Таиџутсу и Кенџутсу.

Овој традиционален пријателски семинар, секоја година привлекува голем број учесници, па така и оваа година Доџото во градот на Босфорот беше премало за да ги прими сите заинтересирани.

Слободното време како и секоја година беше искористено за прошетки и истражувања на културното наследство, а не изостанаа и редовните дружби низ рестораните и кафулињата на Истанбул.

Како и минатата година, така и оваа, учителот Довезенски го прослави својот роденден во Истанбул заедно со своите најблиски.

Следниот јубилеен БуЈуКаи X, ќе се одржи во Хомбу Доџото на „Пат кон Сонцето“ во Република Македонија. Уште сега се најавува невиден спектакл по повод настанот.