Завчера заврши двонеделното патување на водачот на Буџинкан Македонија во Илиноис (Соединетите Американски Држави).
Тој поточно престојуваше во градот Чикаго на покана на неколкумина сопственици на луксузни резиденции и хотели во центарот на градот, како и во Оак Парк – една од елитните населби. За време на престојот, Довезенски предаваше во јога/фитнес студијата наменети за резидентите и гостите, при што ги запозна со системот Шиноби Таисо кој одлично беше прифатен од учесниците.
Сесиите се одвиваа секој ден наутро и попладне, при што на барање на вежбачите, учителот држеше и приватни/индивидуални часови.
Истовремено, Довезенски одржа и часови за Нинџутсу на неколкумина ЏуЏутсу натпреварувачи, кои беа воодушевени од неговата техника како и од вештината која што ја претставува. Иако доби покана перманетно да остане и да работи во Чикаго, Игор Довезенски носен од патриотскиот дух, како и од неизмерната љубов кон своите деца и ученици, без размислување ја одби понудата, иако вети дека повторно ќе го посети и ќе предава во „ветровитиот град“.