Успешно одржан семинарот Јуми Ја Џутсу

Posted on Categories Почетна

cf329f57-8a36-461e-9820-b8e29bfaa14a.jpgУште една група од почетниците на Буџинкан Македонија се оспособи за ракување со лак и стрела.
Имено, на вчерашниот семинар на тема Јуми Ја Џутсу (вештина на лак и
стрела), учесниците имаа можност да научат се за изработката,
историјата и употребата на ова старо оружје.
Меѓудругото, се вежбаа техники на гаѓање од неколку различни камае
(положби), но и понапредни техники, како што се: гаѓање од засолниште,
брзо гаѓање од засолниште и гаѓање во трк.
Еден час пред завршувањето на семинарот, небото над Липац се отвори и
почна да врне многу силен дожд, кој ниту еднаш не ги подвоуми учениците
да прекинат со тренингот. Напротив, сите мокри до гола кожа,
продолживме со изведување на техниките, како ништо да не се случува.
По завршувањето на семинарот, учесниците имаа можност да уживаат во прекрасниот селски ручек.