На 14 септември, 2015 година, на седницата на Стручниот совет на Институтот за етнологија и антропологија, членовите на колегиумот едногласно го одобрија предлог-проектот на Игор Довезенски за отворање на „Лабораторија за Источни Култури“ во рамките на Институцијата, со што за прв пат во Македонија класичните јапонски боречки вештини се издигнуваат на академско ниво.
Со тоа, студентите кои студираат на ИЕА, во рамките на предметите „Етнологија на Азија“ и „Етнологија на Јапонија“ задолжително ќе посетуваат настава при што за време на вежбите ќе ја изучуваат теоријата, но и техниките на вештините кои што се предаваат во Организацијата „Пат кон Сонцето“.

Инструкторот Игор Довезенски, ја користи оваа прилика да ја изрази својата огромна благодарност кон Раководителот на Институтот за етнологија и антропологија, д-р Љупчо Ристески, како и кон сите останати колеги за безрезервната подршка во остварувањето на идејата.
Истовремено ги информираме сите средношколци во Република Македонија кои се интересираат за источните култури, но и сите љубителите на културата и традицијата на „Земјата на Изгрејсонцето“, дека со запишувањето и студирањето на Институтот за етнологија и антропологија, ќе имаат можност да се стекнат со знаења од областа на материјалната, социјалната и духовната култура на Јапонија.