Живот во Дивината II

Posted on Categories Почетна
Минатата година го започнавме новото седумгодишно поглавје во историјата на Буџинкан Македонија, кое всушност претставува следна фаза на легендарниот семинар „Преживување во Природа“. 
Новиот дводневен семинар насловен како „Живот во Дивината“, всушност претставува настан на кој членовите на Буџинкан Македонија ќе учат техники на живеење во заедница во дивина односно далеку од цизилизацијата. Семинарот ќе се раководи според сценарио на природна катастрофа или друга несреќа која бара повлекување на некое непристапно место и организирање живот на подолго време за одредена група на луѓе. Со совладувањето на новите вештини, членовите на доџо-то ќе бидат способни да го згрижат своето семејство и да му обезбедат основни услови за живеење во дивина во случај на опасност. 
Минатата година почнавме да го пишуваме новото поглавје на историјата, а оваа продолжуваме со втората глава. Не пропуштајте ја можноста да ги научите техниките на живеење во природа, кои во случај на природна катастрофа или друга незгода ќе ви бидат повеќе од потребни. 
На семинарот можат да учествуваат сите членови на доџо-то Буџинкан Македонија / Пат кон Сонцето, без разлика на нивното звање.

За минатогодишното незаборавно искуство, прочитајте тука —–> Живот во Дивината I    

Потребна опрема: се што може да послужи за преживување во природа и што ќе го собере во вашиот ранец.
Ден: 25/26 јули (2015)
Место: во околината на Липац
Програма:
сабота 07.00 часот – тргнување од Скопје
недела 18.00 часот – враќање назад
Пријавување и информации преку инбокс, телефон или на Форум.
п.с. Престојувањето во природа носи одредени опасности. Сите учесници доаѓаат на сопствен ризик. Направете ги потребните лекарски испитување пред да се пријавите за учеството.