На четвртиот по ред „Зимски Нинџа Тренинг“, двајца од учениците на шидоши Игор
Довезенски беа тестирани за познавањето на вештините за преживување во зимски
услови. При тоа, шидоши хо Марко успешно го положи тестот и се здоби со сертификат, со што се потврдува неговото знаење и од оваа ообласт.
Пред започнувањето на семинарот, сите учесници беа поделени
во два тима, со кои раководеа шидоши хо Марко Опачиќ и кохаи Тодор Ангеловски. Потоа им беа дадени насоки и задачи кои требаа да ги исполнат во рок од шест часа. На крајот, шидоши Довезенски ги оценуваше водачите по 17 критериуми за изградба на
засолниште, изработка на оружје и замки, како и познавање на околината и природата околу себе. Потоа следеа 10 прашања, по што се собраа бодовите кои го покажаа нивото на знаење кај учесниците.
Иако кохаи Тодор Ангеловски не собра доволно бодови за да го положи тестот, сепак покажа одлични познавања на вештините за зимско преживување, а со оглед на неговите години и младост, како и темпото со кое ги изучува техниките, сигурни сме дека на следното тестирање ќе покаже одлични резултати.
По завршувањето на семинарот, шидоши хо Марко, на интерниот Форум, го објави следниот текст:
„Мислам дека не постои сертификат, диплома или појас кои се поголеми од зборовите на Сенсеи дека е задоволен од своите ученици. Ова е доказ дека претходните учества на семинарите не биле залудни, дека жртвувањето и трудот се исплателе и дека одредени ученици будно го следеле секое негово предавање.
Искрено, пред започнувањето на настанот имав мал страв од тоа да не го разочарам Сенсеи, особено што сум единствен со ’три зимски преживувања’ и особено што на семинарот присуствуваа ученици кои почнаа кај мене да ги изучуваат вештините. Оттука,
не сакав ниту нив да ги разочарам. Неколку дена претходно ги проучував белешките што сум си ги пишувал и мислам дека сето тоа вроди со плод. Добро се организиравме со моите помошници, послушноста и трудот им беше на завидно ниво во текот на целиот ден и дури им оставив многу важни работи да сработат, за да
видам како ќе се снајдат. Презадоволен сум од сите нив. Сенсеи потоа не оценуваше и ни посочуваше на недостатоците. Секако, ги имаше многу. По оценувањето, нашиот ’клан’ го доби сертификатот. Не велам дека е мој, затоа што без моите помошници немаше да дојдам до него. Михаил се повеќе навлегува во вештината, Мони веќе заличува на водач, а за Јован ова беше
одличен показател каде треба да се движи. Им благодарам. Честитки и за Тоше и за неговиот тим. Сега знае каде му се грешките и сигурен сум дека следниот пат ќе „растури“. Интелегентен е, но му недостасуваше искуство.
За Сенсеи незнам што да кажам, мислам дека е повеќе среќен за постигнатото од сите
нас. Не застануваме тука. Имаме уште за учење, уште многу работи за кои Сенсеи
ни посочи дека погрешно сме ги направиле, а тоа е одлична мотивација за следната година да бидеме уште подобри. Неговото учење е темелно, со многу примери, а истовремено е забавно, критички, разбирливо, поучно и најважно од се
– корисно. Беа потребни четири години за да ги совладам основите за зимско преживување. На почетокот учествуваш, следиш и помагаш. Потоа се обидуваш нешто и самиот да изработиш (засолниште, да запалиш оган, да изработиш замка). Тоа е
единствениот Пат и единствениот начин. Се гледаме следната година повторно. Честитки до сите што учествуваа, а до Сенсеи голема благодарност за подучувањето денес и за сите изминати години. Осу!!!“