Инструкторот на Буџинкан Македонија, Игор Довезенски, на 2 февруари ќе одржи семинар за сите постари ученици во доџо-то, на тема: Шинден Фудо рју Дакентаиџутсу. Тоа значи дека на настанот можат да учествуваат само тие кои имаат звање семпаи односно степен од 2 кју (па нагоре).
За време на настанот ќе се одржи и подготовка за претстојното полагање на семпаи Зоран Тодоровски за мајсторско звање – шодан (1 дан).
Ова ќе биде одлична можност за сите наши постари членови да го усовршат своето знаење, а воедно и да ги испробаат своите техники без страв за безбедноста на почетниците или со еден збор (по нашки) да се „излупаат на раат“.
Ден: 02 февруари, 2014
Време: 11:00 – 15:00 часот
Котизација: бесплатно