Во саботата во дворот на Хомбу-то се одржа семинар за брзо извлекување и симултано сечење со меч (БаттоЏутсу) наменет за Семпаи-те на Буџинкан Македонија.
На семинарот се вежбаа техники од школата Шинден Фудо рју ДакенТаиџутсу, а учесниците упорно го повторуваа материјалот со цел да ја усовршат својата вештина.
Слободното време беше искористено за дружба и капење во блиската река, со цел да се опуштат мускулите и телото од напорниот тренинг.