На малата ливада која лежи веднаш под неверојатните Еленачки Карпи на ридот Еленац, се одржа овогодинешниот Тогакуре рју семинар, на кој учество земаа десетина членови на Буџинкан Македонија.
Сместени во шатори, воините на доџото во текот на двата дена од викендот имаа можност да учат и повторуваат техники на борба со користење на танто, сенбан шурикени, шуко и кунаи.
Слободното време беше искористено за предавање на филозофијата и психологијата на шиноби воините, нешто што е многу важно за сите практичари на оваа древна вештина.