Како што самиот наслов кажува, оваа година по четврти пат ќе го одржиме семинарот посветен на нашиот Даито рју Аикибудо учител – шиханот Антонино Черта.
Ние од Школото за борбени вештини Пат кон Сонцето, целосно сме посветени на изучување на неколку традиционални јапонски буџутсу школи, меѓу која и Оно ха Итто рју (Такеда ден).
Оваа моќна мечувалска школа била задолжителна за сите членови на познатиот самурајски клан Такеда. Легендарниот воин Сокаку Такеда, познат како еден од последните јапонски самураи, добил менкјо каиден (лиценца за стекнато знаење) токму за оваа кенџутсу рју ха.
Овој настан нашите членови со нетрпение го чекаат во текот на целата година. За време на дводневниот тренинг во природа, на врвот на мистичната планина Липац, учениците од сите степени се дружат и запознаваат меѓу себе.
Во текот на денот, ќе се одржуваат по три тренинзи, а вечерта ќе биде резервирана за дружење околу огнот, проследена со вкусно гравче и по некое пивце.
Ден: 01/02 јуни, 2013 година (поаѓање од Скопје во 07.00)
Место: под ѕвездите на планината Липац.
Опрема: шатор (кој има), вреќа за спиење, кеико ги, кјахани или високи чорапи (против крлежи) бокуто (може и резервен), храна и вода.
За дополнителни информации јавете се на нашиот телефон.
Семинарот е отворен за сите, без разлика на стилот и вештината.
Ако Ви е потребна опрема, слободно јавете се.
Настанот ќе се одржи без разлика на временските услови.