Втората сезона на кулинарското шоу „Манџа“ веќе се крчка во студиото на Канал 5, а во првата епизода ќе ги гледате семпаи Сања и шидоши хо Владимир, кои ќе ги претставуваат боите на Буџинкан Македонија.
Се очекува снимањата и постпродукцијата да завршат за отприлика еден месец, а тогаш ќе имате можност да го проследите нашето гостување во емисијата. Ќе видите неколку техники за самоодбрана, а ќе дознаете нешто и за нинџа-диетата која ја практикуваме.
Иако се трудиме да ги избегнуваме гостувањата во телевизиските емисии и шоуа, не можевме да ја одбиеме поканата на шармантниот Кирил Трајковски Максим, бидејќи еден краток период актерот и водител вежбаше во нашето Доџо, а кај нас важи максимата: еднаш пријател на Доџото – засекогаш пријател на Доџото.