Во доџо-то за почетници на Буџинкан Македонија, вчера под водство на помладите инструктори Марко Опачиќ и Марјан Прошев, се одржа полагање за ученички степени. За десети (џуккју) степен положија учениците Игор К. и Марко П.
Инаку, ова е прво полагање одржано под водство на шидоши хо Опачиќ и шидоши хо Прошев. Тие минатата година се здобија со мајсторско звање, а со тоа и можност да бидат дел од пренесувањето на традицијата на школите на Буџинкан Доџо.
Од денес, учениците кои успешно го поминаа тестот, ќе почнат со тренинзи во хомбу доџо-то на Буџинкан Македонија.
Им честитаме на сите.