Митовите и легендите поврзани со невидливото движење на јапонските нинџа воини се целосно разјаснети за учесниците на семинарот што денес се одржа во прекрасната шума Млака во подножјето на планината Липац.
Учениците кои присуствуваа на овој настан, имаа можност да учат три техники наменети за тивко движење преку различни површини односно суви лисја, дрвени подови и тесни премини.
Инструкторот Довезенски, на многу детаљен начин ги објаснуваше сите техники, а потоа на импровизирани полигони, истите беа вежбани од страна на неговите ученици.
Особено внимание, но и многу мака, им зададе последната вежба која се состоеше од дискретно движење преку старо стебло, a на кое, шидоши Довезенски постави влажна хартија. Потоа на хартијата беа поставени тетсубиши, кои учениците требаа да ги почуствуваат под нозете и да ги истуркат со специјален чекор надвор од патеката на движење.
За време на демонстрацијата изведена од инструкторот, учениците едвај чекаа да ја направат техниката, но после неколкуте неуспешни обиди, сфатија колку многу тренинг е потребно за да успеат.
Инаку, за време на семинарот, временските прилика беа и повеќе од добри, со оглед на тоа што изминува претпоследниот месец од годината.