Семинарот КјуШо Џутсу што се одржа во саботата привлече големо внимание меѓу членовите на Буџинкан Македонија, а енергијата што лебдеше низ доџото за време на настанот беше неверојатна.
Десетина Воини на Буџинкан Македонија подготвено се соочија со болката која секогаш е придружник кога станува збор за прочување на виталните точки на телото, а насмевката од нивното лице ниту за миг не исчезна.
Учителот Игор Довезенски на семинарот имаше време да предаде вкупно 18 витални точки кои доколку се притиснат или удрат предизвикуваат голема болка кај напаѓачот, што овозможува добра одбрана при несакана ситуација.
На крајот, учесниците на настанот побараа истиот повторно да се одржи во блиска иднина, но по можност да трае два дена, со цел да се акомулира поголемо знаење за оваа јапонска вештина.