Во саботата на дворот на Хомбу Доџо-то на Организацијата „Пат кон Сонцето“ се одржа семинар на тема Тогакуре рју Шурикенџутсу.
Временските услови беа прекрасни за изведување на ваков тип обука, а опкружувањето веќе познато – во единствениот тренинг центар во Македонија за класични јапонски боречки вештини.
На настанот земаа учество шесторица членови на Буџинкан Македонија кои под будното око на учителот Довезенски ги изучуваа техниките на гаѓање со Бо и со Сенбан шурикени од школата Тогакуре рју. Во текот на целиот ден, учесниците успеава да ги „поминат“ сите техники од деншото на оваа стара нинџа школа.