Одржан семинарот за Чигирики

Posted on Categories Почетна

Во дворот на Хомбу Доџо-то на Организацијата „Пат кон Сонцето“, во неделата се одржа традиционалниот семинар за Чигирики. Ова необично оружје, составено од стап на кој е закачен ланец со тег, во минатото било составен дел од арсеналот на неколку јапонски боречки школи. За жал, денес многу малку практичари се трудат да ја задржат традицијата преку неговата употреба односно преку вежбање со истото.

За време на семинарот се извежбаа вкупно девет техники, откако претходно инструкторот Довезенски ги објасни положбите, блоковите како и нападите со Чигирики.

Без сомнение и следната година повторно ќе организираме семинар на истата тема, бидејќи сме сигурни дека еден комплетен борец, мора одлично да го познава целиот арсенал на оружја кои се користеле од страна на јапонските легендарни воини – Самураите и Нинџите.

Одржан семинарот за Џутте

Posted on Categories Почетна

Со голем интерес беше дочекан семинарот за ракување со јапонска палка од периодот Едо – позната под името Џутте.

Инструкторот Игор Довезенски во неделата ги подучуваше своите ученици на техниките на користење на Џутте од школата Кукишинден рју Хаппобикен, а тие неуморно го впиваа секое знаење од учителот.

Веднаш на почетокот, учесниците имаа можност да се запознат со основните удари со самурајската челична палка, а потоа и да ги вежбаат петте кати од оваа стара ‘Сого Буџутсу’ школа.

На општо задоволство, на крајот се донесе заклучок дека викендов што измина беше еден од најинтересните досега во Хомбу.

Тоами семинар во Хомбу Доџо-то на „Пат кон Сонцето“

Posted on Categories Почетна

Во саботата во дворот на Хомбу Доџо-то беше одржан семинар за ракување со Тоами односно рибарска мрежа – едно од таинствените оружја од арсеналот на легендарните јапонски Шиноби воини.

На настанот, учителот Игор Довезенски ги подучуваше учесниците на техниките на користење на Тоами и начините на фрлање и на борба со мрежа.

Многу е тешко да се опише воодушевеноста на присутните при изведувањето на самите техники од страна на инструкторот, а главното прашање на крајот од настанот беше: „Кога ќе биде следниот семинар?“