Викендов што измина го одржавме првиот семинар во новата 2016-та година. Учесниците беа полни со импресии, а по завршувањето на настанот ги споделија чувствата на нашиот Форум, а со тоа го напишаа и овој Извештај.
Иако некои од работите што ги изучуваме секој пат се повторуваат, сепак секоја година потребно е повторно да се повторат лекциите, а со цел техниките да усовршат подобро. Овој пат Сенсеи мене ми ја постави задачата околу изградбата за засолништето. Откако ги собрав сите и им објаснив што треба да се прави, почнавме со работа. Иако мислам дека успешно ја направивме колибата, сепак имам две замерки. Бевме премногу бучни и гласно се смеевме и зборувавме, а второ бевме спори во изградбата.
Ќе ги споменам и новите работи кои ги учевме: подготовката на јајце на око, печењето на тиква во земја, различните начини на одржување на огнот, правењето вратичка на колибата за заштита од животни, начините на засолнување на опремата од дожд и снег, како и низата други работи кои Сенсеи ги спомена низ предавањето.“ (Марко Опачиќ)
„Се напивме од изворот и научивме корисни ’финти’ за преживување во зимски услови. И тоа од прва рака, за разлика од гледањето
секакви видеа на интернетов 🙂
Илјада пати сум гледал како се прави скривалиште за ноќевање по телевизиите, ама се е ’ветер и магла’ додека човек не види како тоа навистина се прави. Мило ми беше што бевме собрани сите на едно место и со нетрпение ја чекам летната верзија на истиот семинар. Кој да знае дека лијаните можат да бидат толку меки и удобни, а ’змиските соленки’ толку вкусни!“ (Мартин Петревски)
„Кога бев мал многу сакав да правам лудории во шума и да градам засолништа. Затоа овој семинар, заедно со ’Живот во Дивината’ за мене се прекрасни. И затоа велам дека Буџинкан Македонија ги прави моите детски сништа – реалност.“ (Таки Гаковски)
„Разбирање, топлина, љубов и насмевки се ширеа низ воздухот за време на целиот настан. Мора да ги споменам и највкусните соленки печени на стапче кои Сенсеи ни ги приготви, но и супер витаминската тиква на жар. За жал, денот мораше да заврши и да си појдеме дома. Со нетрпиение го чекам следниот семинар во природа. Ти благодарам Сенсеи за се!“ (Тамара Ѓоргиевска)
Сенсеи докажа дека негова цел не е ‘архивирање’ на знаењето за сопствени цели, туку дека секоја негова вештина е ставена на наше располагање, се разбира доколку имаме желба за учење.“ (Дамјан Серафимовски)
„За време на овој семинар научив многу работи, а особено ми се допадна дружбата со повозрасните членови од доџо-то. Посебен впечаток ми оставија спремањето на јајцето на око во лименка, како и печењето на тиквата закопана во земја. Многу беше убаво чувството да се учествува на еден ваков настан.“ (Косара Довезенска)