Успешно одржан семинарот за Џунан Таисо

Posted on Categories Почетна

Во организација на Буџинкан Македонија, во скопското доџо денес беше одржан семинарот за Џунан Таисо (вежби за растегнување на телото). На настанот присуствуваа 15-тина учесници, од кои повеќето беа членови на Организацијата за изучување класични јапонски борбени вештини „Пат кон Сонцето“, или, пак, нивни блиски роднини и пријатели.   

За време на семинарот, шидоши Игор Довезенски предаваше вежби кои служат за воспоставување телесна рамнотежа преку истегнување или зајакнување на одредени мускулни групи. Покрај тоа, се вежбаа и специјални техники за зголемување на подвижноста во зглобовите, а секако, неизбежни беа и техниките за медитација.

За време на целиот настан, инструкторот Довезенски ја истакнуваше важноста на Џунан Таисо во развојниот пат на секој кобудока (личност што практикува класични јапонски боречки вештини), а особено ја нагласуваше потребата од флексибилност на сите оние кои вежбаат нинџутсу вештини.