20 години Буџинкан Македонија (2 јули 1995 - 2 јули 2015)

Posted on Categories Почетна

Со голема караоке забава, завчера беше одбележан 20-годишниот јубилеј од основањето на Буџинкан Македонија. Настанот се одржа во скопската винаријата „Картал“, а на него присуствуваа над четиреесет членови на доџо-то.

Учениците на инструкторот Довезенски, од сите генераци собрани заедно на едно место, имаа можност меѓусебно да си споделат спомени и импресии од поранешните и сегашните времиња минати во Буџинкан Македонија. Многу другарства, љубовни врски, деловни партнерства, па дури и бракови се „родиле“ за време на годините минати во тренинзи во единственото традиционално јапонско доџо во Македонија, а најголем дел од членовите на доџо-то се уште се многу благодарни поради тоа. 
Инаку, за тие кои не знаат, Буџинкан Македонија е основана на 2 јули, во 1995 година, од страна на Игор Довезенски, единствениот Македонец носител на неколку титули во неколку различни класични борбени школи (рју-ха). Од основањето, па до денес, организацијата работи без прекини и секојдневно одржува тренинзи за своите членови. Засега, тоа е единственото признаено доџо во нашата држава, од страна на поглаварот на Буџинкан, соке Масааки Хатсуми. Буџинкан Македонија се уште важи за еден од најдинамичните клубови во Европа, со многубројно и активно членство, што само зборува за квалитетот на знаењето што се добива во доџо-то.
На крајот на забавата, основачот Довезенски се заблагодари на сите свои членови и гости кои присуствуваа на јубилејната средба и кои дојдоа да одадат почит за макотрпната работа која од Буџинкан Македонија создаде почитувано доџо со врвно светско реноме, познато и признато од најдобрите интернационални организации за јапонски боречки вештини.