Нинпо Не Ваза® - Гошинџутсу Семинар

Posted on Categories Почетна

Првиот Нинпо Не Ваза семинар во 2015-та година ќе се одржи на 1 февруари, на тема „Гошин Џутсу“. Како што самиот наслов кажува, овој пат вниманието ќе биде насочено кон можностите за самоодбрана од моментот кога противникот ќе не собори на земја, па се до повторното враќање во стоечка позиција.  

Семинарот е наменет за сите членови на Организацијата за изучување на традиционални јапонски борбени вештини „Пат кон Сонцето“, без разлика на нивното звање или вештина. 
Датум: 01.02.2015 (недела)

Место: Скопје (во доџо-то на Буџинкан Македонија)

Време: 11:00 – 15:00 часот
Тема: Нинпо Не Ваза Гошинџутсу (техники за самоодбрана на земја)
Котизација: симболични 300 денари кои ќе бидат донирани за хумантарни цели.

Повеќе информации за Нинпо Не Ваза ——> тука