Тогакуре рју Нинџутсу - Кихон ваза Кеико хо

Posted on Categories Почетна

Како што самиот наслов кажува, на овој еднодневен семинар ќе се вежбаат основните техники на нинџутсу школата Тогакуре рју. Според планот за работа, за време на настанот предвидено е инструкторот Игор Довезенски да ги запознае своите ученици со начинот на кој Тогакуре рју се вежбаше во организацијата „Буџинкан“ кон крајот на осумдесетите односно на почетокот на деведесетите години на минатиот век, поточно во времето кога водачот на Буџинкан Македонија го започна патешествието кое што се уште трае до денешните дни. 

На настанот, шидоши Довезенски ќе ги предава основните техники на тркалање (таихенџутсу), удирање со нозе (кери ваза), техники на прикрадување и напад со ланец (шиноби аруки то кусари фундо), како и одбрана од голорак напад, но и од вооружен напаѓач (таиџутсу). 

Потребна опрема: кеико ги и оби, јаже (кусари), дрвен нож и ханбо. Доколку некој нема реквизити, нека не извести на време и ќе може да ги користи тие од доџо-то.  

Датум: 20 декември (сабота) 2014

Место: Скопје (во доџо-то на Буџинкан Македонија)

Време: 11:00 – 15:00 

Тема:
-Тогакуре рју Нинџутсу – Кихон ваза Кеико хо

Овој „никако да не се пропушти“ семинар ќе биде последен за Буџинкан Македонија за оваа година.   
п.с. Фотографијата од 1993 година со шидоши Игор Довезенски е снимена за време на семинар во природа на тема „Гјокко рју Кошиџутсу“