Одржан семинарот за Иаиџутсу

Posted on Categories Почетна

24022013152744iaih.jpgИако
беше најавен за во природа, сепак семинарот за иаиџутсу се одржа во Хомбу
Доџо-то на Школото за борбени вештини Пат кон Сонцето. 

Причина за тоа беше дождот што паѓаше во текот
на денот и опасноста да ги намокри, а со тоа и да ги оштети (’рѓа) катаните кои беа
користени во текот на вежбањето.

На семинарот, учесниците имаа можност да се запознат со три начини на
извлекување на самурајскиот меч (нуки учи), како и со четири начини на негово чистење
за време борба (чибуруи).

Покрај тоа, беа вежбани и начини на сечење со катана, како и девет борбени
сценарија (кати).

За време на предавањето, шидоши Игор Довезенски се потруди да ги пренесе сите тајни на брзо и ефикасно извлекување на мечот, како и истовремено сечење со него. Учениците покажаа одлична концентрација, а нивната посветеност придонесе правилно да ги разберат техниките на оваа традиционална јапонска борбена вештина.