Патот на Шугенџа ®

Posted on Categories Почетна

18092011201311shugendo876.jpgТрадиционално, секоја година во последната недела од месецот септември, воините на
Буџинкан Македонија го одржуваат семинарот Патот на
Шугенџа.

Оваа година ја избравме рутата од подножјето на
планината Липац до локалитетот Камена Свадба во селото Куклица (и назад).

Шугендо
е древен јапонски метод кој ги истражува релациите
помеѓу човекот и
природата. Во превод Шугендо значи „Пат на вежбање и
тестирање“, односно тоа е аскетска дисциплина која има за цел да
постигне самоусовршување преку повлекување во планина, медитација под
водопади и ладни реки, вежби за дишење на недостапни терени, се до
достигнување на неверојатни подвизи преку тестирање на телесната и
менталната издржливост. Тие кои го практикуваат овој метод, познати се
под името Шугенџа, а учењето се практикува во Јапонија се до денешни
дни.

За
основач на учењето се смета Ен но Гјоџа, кој живеел 18092011201332shugendo987.jpgво близина на Кјото
во 7 век од нашата ера. Другото име, по кое овие следбеници биле
познати, е Јамабуши или Планински Воини. Тие крстосувале по планинските
сртови на јапонските острови посетувајќи и заштитувајќи ги
многубројните храмови.
Некои учени веруваат дека токму овие луѓе, здружени со пребегнатите кинески генерали по падот на
династијата Танг, се сметаат за основоположници на вештината Нинџутсу.

Тема: Патот на Шугенџа / Духовно патување

Ден: 25 септември, 2011 (недела)

Место: Липац – Куклица – Липац

Програма:
07.00 часот – поаѓање од Скопје
08.00 часот – пристигнување и почеток на маршот
Враќање назад – само Господ знае!

Опрема: Земете се што сакате. Се е на Ваша одговорност и совест.

п.с. Не е исклучена средба со диви животни, дожд, невреме и останати непредвидени работи. Секој доаѓа на сопствен ризик.

* Пред да се пријавите, проверете ги информациите на нашата веб-страница од минатите години.