Одржана прославата по повод јубилејот

Posted on Categories Почетна

13072010005008Proslava-1.jpgПо повод 15 години од основањето на Школото за класични јапонски борбени вештини Пат кон Сонцето / Буџинкан Македонија, вчера во просториите на доџо-то се одржа прослава на која присуствуваа сегашни, но и поранешни членови на нашата организација.

Беше прекрасно да се види како учениците се поврзани меѓусебно и како се негува другарството во нашиот клуб. Атмосферата беше одлична, а за тоа допринесе и музичката група составена исклучиво од наши членови.
Буџинкан Македонија продолжува со својата работа. И натаму наша основна цел останува проучувањето на класичните јапонски боречки вештини, како начин за усовршување на поединецот, развивање на моралните особини, градење на чесни, праведни и вредни индивидуи, кои во секое време ќе бидат спремни да се стават на располагање на нашето општество и држава. Развивање на посветеноста, истрајноста и верноста односно сето она што може да не направи подобри во иднина.13072010005020Proslava2.jpg

На крајот, сакаме да се заблагодариме на сите наши ученици кои се доволно храбри за да чекорат по Патот. Особено голема благодарност до нашиот член Александар В., човек кој и после толку години знае да изненади со своето другарство. Тој е добар пример за помладите ученици во однос на тоа како треба да се негува пријателството.

Одиме напред. Нема лабаво.