Даито рју Аикиџуџутсу и Оно ха Итто рју Кенџутсу во Македонија

Posted on Categories Почетна

Во периодот од 19 до 28
март, инструкторот на Буџинкан Македонија, Игор Довезенски, беше во посета и
тренинг кај својот учител по Даито рју Аикиџуџутсу и Оно ха Итто рју Кенџутсу
(Такеда ден), сенсеи Антонино Черта.

Инаку, сенсеи Черта, е
единствениот гаиџин (не-јапонец) кој во 30032010063345daito3.jpgисторијата на овие две самурајски
класични школи ја добил титулата шихан (највисоко признание во вештините). Тој
бил ученик на 36-тиот соке Токимуне Такеда, а подоцна и на Шигемитсу Като, наследникот
на Хомбу доџото на семејството Такеда-Даитокан во градот Абашири. Сенсеи
Антонино Черта е претседател и главен инструктор на Европската Даито рју
Аикибудо организација, како и единствен претставник на (јапонската) Нихон Даито
рју Аикибудо организација и учител задолжен за клубовите надвор од Јапонија.

30032010063357daito4.jpgИнтензивниот тренинг
(кој се одржува еднаш годишно) во хомбу доџо-то на европската Даито рју
Аикибудо организација, инаку сместено во Зерболо (меѓу Павија и Виџевано), е
многу ригорозен и напорен. Тренингот започнува во 07.00 наутро, а завршува во
19.30 навечер (со паузи за доручек и ручек). За време на вежбањето, кое се
одвива постојано под водство на шиханот Черта, техниките и катите се учат
детаљно, на 30032010063408daito5.jpgист начин како што се вежбало во доџото Даитокан. Се работи во мала
група од одбрани ученици, кои за да присуствуваат на интензивниот тренинг треба
да имаат најмалку 2 дан во некоја јапонска боречка вештина или, пак, да се
членови на организацијата. Модриците, раните и болката се постојано присутни за
време на тренингот, а животот во доџо-то се одвива постојано на татамите (тука
се спие и се вежба).

30032010063320daito1.jpgПостарите ученици на инструкторот
Игор Довезенски, веќе одамна се запознаени со неговата дамнешна желба да ја
изучува вештината Даито Рју Аикиџуџутсу. Таа желба, конечно му се исполни со
тоа што е прифатен за личен ученик на шиханот Антонино Черта и што стана претставник
(секција) на неговата организација во Македонија.

Со тоа, во нашата држава
(како и на територијата на Балканот и на Југоисточна Европа), за прв пат се
отвора можност за изучување на прекрасниот свет на Даито рју Аикиџуџутсу и Оно
ха Итто рју Кенџутсу, две класични јапонски самурајски школи. За почеток, во
нашата секција ќе можат да вежбаат само членовите на Школото за борбени вештини
Пат кон Сонцето-Буџинкан Македонија, а за во иднина е предвидено отворање на
школата за целата заинтересирана јавност.

Името на нашата секција
за Даито рју Аикибудо е: Даито Македонија Корју Доџо, според желбата на нашиот
учител Антонино Черта.  

30032010063332daito2.jpgОтворањето на секцијата
за Даито рју, воопшто не значи намалување на активностите во делот на Буџинкан
школите, туку напротив, тие биле секогаш, а и во иднина остануваат императив на
инструкторот Игор Довезенски. Изучувањето на Даито рју Аикиџуџутсу и Оно ха
Итто рју Кенџутсу, само ќе допринесе за уште подобро разбирање на јапонските
класични боречки вештини, кои се голема страст на сите членови на Школото за
борбени вештини Пат кон Сонцето-Буџинкан Македонија.