Учество на семинарот со Кацем Зугари во Нови Сад

Posted on Categories Почетна

22022010045245Kacem23.jpgНа покана од нашиот пријател од Нови Сад, Срѓан Црногорац, викендов што помина учествуваме на семинар со мајсторот Кацем Зугари од Франција. Тема на семинарот беше Кото Рју Коппоџутсу и Џо Џутсу, но се работеа и техники од школата Гјокко Рју Кошиџутсу. Покрај инструкторот на Буџинкан Македонија, Игор Довезенски, на семинарот учествуваше и неговиот учи деши Марјан Прошев, како и нашите пријатели од клубот Буџинкан Кавадарци.
Како и секогаш на семинарите со Кацем, импресиите се на високо ниво, баш како и начинот на кој тој ги презентира школите на Буџинкан.