Нови кју (ученички) степени во Буџинкан Македонија

Posted on Categories Почетна

Во Хомбу доџо-то на Школото за борбени вештини Пат кон Сонцето, вчера
во рамките на Нинџутсу Сојузот Буџинкан Македонија се одржа полагање за
кју (ученички) степени.
За 9 кју, тестот успешно го положија учениците Маја Илиевска, Елена
Ангеловска, Стефан Робески, Перица Давитков, Билјана Тасева и Дамјан
Стојановски, додека со 7 кју се „закитија“ учениците Дарко Божиновски,
Благица Стојаноска и Кристијан Антовски.
На сите, од се срце, им честитаме за направениот напредок.
Следното полагање ќе се одржи во текот на месецот декември, 2009 година.