Драги боречки пријатели,
пред Вас е новата (редизајнирана) веб-страница на Нинџутсу Сојузот Буџинкан Македонија. Се надевам дека ќе Ви се допадне.
Најпрвин, сакам да му се заблагодарам за досегашната соработка на Игор Савиќ, инаку член на нашиот сојуз. Тој ги постави стандардите на нашата веб-страница. Истовремено, ја користам оваа прилика да му се извинам за постојаното „малтретирање“ кое мораше да го трпи со цел да одговори на моите чести барања. Станува збор за одличен пријател и неверојатно добар програмер, на кого му ја доделувам титулата „Чикушоу“ (на јапонски-Ѕвер) 🙂
Новиот редизајн е дело на нашиот истакнат член Дарко Божиновски. Отсега тој ја презема одговорноста за развој и одржување на нашата веб-страница. Даре, спреми се за „малтретирање“.
Гамбате Кудосаи !!!
сенсеи Игор Довезенски