Успешно одржан Зимскиот нинџа тренинг

Posted on Categories Почетна

064050e6-e951-4b3e-8ff1-7a2fa3f7d774.jpg…само што помисливме дека наместо зимски нинџа тренинг, ќе имаме
пролетен, небото над Липац одеднаш потемне и започна да дува ладен
северен ветер. По две минути почнаа да паѓаат леденици (заледени
капки), кои не натераа да побараме засолниште во една стара и напуштена
куќа. Невремето траеше дваесетина минути, но доволно за да ни го зачини
остатокот од зимскиот тренинг.
Учениците во најситни детаљи ги изучуваа техниките на бешумно движење
од Аруки Ваза, потоа техники од Шиме Ваза (полуги за давење) и борба на
земја (Не Ваза). Покрај тоа, се вежбаа техники за дишење и медитација
(пред зајдисонце), а сенсеи И. Довезенски подучуваше и за начинот на
исхрана во природа за време на зимскиот период.
Одличен семинар со покажани одлични резултати од страна на учениците кои учествуваа.