Текстот е дело на големиот нинџа мајстор Свенерик Богсатер (15 Дан).
Истиот е објавен во магазинот „Ура и Омоте“ во 1996 година.
Ова не функционира…премногу е споро…тоа не е вистинскиот начин…не е експлозивно доволно…Ние најдовме или направивме нова форма, модерно нинџутсу!
Модерно нинџутсу? Каква глупост ли е ова? Ако твоето таиџутсу не ти помогнало да победиш во борбата, реално, не е проблемот во таиџутсу-то. ПРОБЛЕМОТ Е ВО ТЕБЕ!!!
Што е тоа што е наречено модерно нинџутсу? Тоа е како да направиш спорт од уметност! А што со тоа? Или, тоа е исто како и кик-боксот, земаш малку техники од многу форми и правиш неколку техники за една форма…И пак… што со тоа? Ајде да земеме неколку денешни хај-тек оружја и да направиме копје и штит од нив.
Тоа е сепак само нечија идеја да се направат што е можно повеќе пари од оваа уметност, ништо повеќе. Или, пак, тие луѓе сакаат себе си да се наречат „мастери“, учители…
Ако сакаме убаво да свириме (таиџутсу),
мораме да вежбаме. На почеток, голема е дисхармонијата, мелодијата е
раштимана, и звуците скоро и не звучат како музика….повеќе е шум
отколку мелодија. Но, колку повеќе се трудиме, толку повеќе стануваме
блиски (поврзани) со нашите инструменти (умот/телото) и учиме да креираме мелодија (техника). Преку секојдневен тренинг/учење нашата самодоверба се зголемува и ќе можеме да ги свириме едноставните мелодии (движења). Како и да е, сеуште сме мнооогу далеку од усовршувањето на инструментите. За да се постигне тоа, потребно е долготрајно учење и работа.
Како
во голфот и шахот, некои луѓе ја имаат способноста да стигнат до
„светското ниво“, а други никогаш нема ни да бидат нешто повеќе од
амбициозни „аматери“. Но, во се што правиме, вклучувајќи го и нинџутсуто, во се е важна нашата самодоверба, нашата студија и напорната работа која ја посветуваме самите на себе, која ни дава можност секој од нас да си ги користи талентите на најдобар можен начин.
Не си ги трошите талентите во некои „модерни вештини“ или „модерно нинџутсу“, бидејќи како што изгледа, тие кој го заговараат тоа, не ги знаат основите, филозофијата, длабочината на таиџутсу-то. Не дели совети додека не си длабоко навлезен во тоа што го работиш. Но и не ги учи оние личности кои не ти даваат можност да си ги наполниш батериите со чиста и искрена природна моќ.
Хатсуми
рекол: „Кога ќе научиш да го слушаш ударот на твоето срце, тогаш ќе
почнеш да живееш; звукот од срцето е музиката, мелодијата на животот.
Да живееш во неа и со оваа фантастична мелодија, тоа е нашето БУДО.“
За да го постигнеме тоа ниво, мора да ПРАКТИКУВАМЕ и УЧИМЕ, а не само да ПРАКТИКУВАМЕ. Нинџутсуто е таиџутсу, а таиџутсу-то не е едноставен self-defence систем. Нинпотаиџутсу е уметност, уметност во која се живее, која го прикажува начинот на живот, и начинот на преживувањето. Нинпотаиџутсу ти дава, ако можеш да го забележиш тоа, можност да го живееш својот живот, а не само да го почуствуваш. И како и секоја уметност, од тебе зависи дали тоа ќе успее или нема да успее.
Како што кажав претходно, нема ништо погрешно во таиџутсу-то. Проблемот е во ТЕБЕ.
Превел: Димитар С.