Семинар во природа – Зимски нинџа тренинг

Posted on Categories Home

 e6134b4c-b810-4f33-a68e-5e58d9751354.jpgВо недела, на 07 декември, Нинџутсу Сојузот Буџинкан Македонија ќе
одржи семинар во природа на тема: Зимски нинџа тренинг. Ќе се работат
техники на напад и одбрана со и без оружје, техники на бешумно движење,
изненадување на противникот, прикрадување и слично. 
Ова ќе биде одлична можност да ги испробате техниките што ги учите во
доџо, но сега во малку поинакви услови – ниска температура, влажен
воздух и земја и облечени во дебели алишта (како во јорои оклоп).
Затоа ве повикуваме, сите кои сте во можност, од почетници до напредни,
да ги спремите вашите ранци за во природа и да ја почуствувате
разликата.    

Ден: 07 декември (2008)

Место: „Јоевска Маала“ на Липац

Програма:    08.00 часот – поаѓање од Скопје
                     10.00 часот – пристигнување
                     10.00 -15.30 часот – теоретски и практичен дел
                     16.30 – тргнување кон Скопје

Цена: 1.000 денари (во цената е вклучено: семинарска такса и превоз)

Апел за помош од Буџинкан Македонија / Appeal for help from Bujinkan Macedonia

Posted on Categories Home

Драги боречки пријатели, членови и подржувачи на Буџинкан Македонија.
Дојде време вашата вештина и хуманост да ја ставите на испит. Како што
секогаш разговараме и тврдевме за време на часовите, дека никогаш не
можете да знаете кога и како ќе ви затреба вештината за помош, или,
пак, ќе му затреба на некој друг, дојде време тоа искуство да го
испробате во сабота (22.11.2008).
Имено, од нашето школо се побара помош да учествуваме во акција за
пронаоѓање на исчезнато лице, на возраст од околу 80 години, кое
последен пат, пред две недели, било видено во близина на селото
Мирковци на планината Скопска Црна Гора. Во акцијата ние ќе учествуваме
како асистенти на полицијата од полициската станица од Мирковци, но
сепак, тежината во потрагата ќе биде на наша страна, бидејќи се очекува
голем одзив од нас.
Затоа, апелираме, до сите наши членови и пријатели, да земат учество во оваа хумана акција.
Зборно место: пред полициската станица во село Мирковци, сабота, во 07.00 часот .

***********************************************************

Dear buyu, members and friends of Bujinkan Macedonia. Time has come to
put our ability and humanity to test. As we use to say, during the
training in the dojo,  that we never know when ninjutsu is going to be
used for any help, that time has come, Saturday (22.11.2008).
Namely, from our dojo is requested help to take participation in action
to find mising person, about 80 years old, who was last seen, two weeks
ago, near by the willagе Mirkovci, on the mountain Skopska Crna Gora.
We will assist police force, and there are many еxpectations from us.
There for, we appeal, to all our members and buyu, to take assistance in this human action.
Meeting place: police station in the wilage Mirkovci, saturday, at 07.00 hour.

Таи Каи II Македонија 2008 успешно заврши / Tai Kai Macedonia 2008 held

Posted on Categories Home

a64ebb75-22f0-4eaf-905b-6783cd0ac6a1.jpgСеминарот „Таи Каи Македонија II 2008“ помина во величенствена и
незаборавна атмосфера и сигурно ќе биде настан што долго време ќе се
памети.
Учителот Штефен Фролих, со својот необичен стил на борба и подучување,
уште еднаш ни потврди дека убавината на Буџинкан е во различноста и
дека секој мајстор може да понуди нешто ново и вредно за секого од нас.
А после пет дена поминати со него, навистина научивме многу.
На семинарот присуствуваа околу 30 учесници од три земји, Германија,
Црна Гора и Македонија. Со желба да учат од шиханот Штефен Фролих, од
Германија допатуваа шидоши Пино Дуранте и шидоши Штефен Шулц.
Во четврокот (30.10.2008), на регуларниот тренинг подучуваа главниот
инструктор на Буџинкан Македонија, Игор Довезенски и шидоши Штефен
Шулц. Се вежбаа техники на одбрана од нож, и сите беа презадоволни од
покажаното. Уште таа вечер можеше да се почуствува дека семинарот ќе
помине во одлична атмосфера.
Следниот ден, на шиханот и на неговите ученици од Германија им беше
презентирана една од најстарите мегалитски опсерватории во светот – Кокино.
Ги однесовме во авантура што ќе ја паметат цел живот. Енергијата
собрана на тоа место можеа да ја почуствуваат со сите сетила.
Што се однесува да самиот семинар, нема зборови да се опише атмосферата
што цело време лебдеше во воздухот. Се вежбаше со насмевка на лицата,
со голема желба за учење во срцата. Подучувањето на учителот Штефен
Фролих беше на навистина високо ниво. Првиот ден, сите се обидуваа да
ги повторуваат покажаните техники и да ја разберат нивната поента, но
веќе вториот ден, на сите им стана јасно што учителот сака да не научи
на овој Тогакуре Рју семинар. До крајот на семинарот, сите ученици го
разбраа принципот на Буши Ва, преку катите што се разработуваа двата
дена. Задоволен од квалитетот и знаењето на сенсеи Довезенски, учителот
Фролих честопати бараше од него да земе учество во подучувањето и да го
покаже својот начин на борба и изведување на катите и техниките.
Што се однесува до дружењето, како и секој пат, не изостана ниту сега.
Сите пет дена на гостите им беа покажувани убавините на нашата земја,
начинот на исхрана и на живот (што посебно ги воодушеви), како и
духовните вредности кои ги поседуваме. Се разви некој посебен однос
меѓу нас, што не може да се воспостави секогаш и со секого. Се роди
прекрасно пријателство.
Многу ресторани и гостилници, добра храна и вино, подароци, многу
историја, многу настани за пет незаборавни дена. Многу пофалби за нас
од страна на учителот Штефен Фролих, многу убави зборови од страна на
неговите ученици Пино и Шулц. Многу позитивни чуства. Пријателство за
цел живот.

*****************************************************************

The
“Tai Kai Macedonia II 2008” seminar has been conducted in magnificent
and unforgettable atmosphere, and it will remain in the long lasting
memory of the participants.
The
sensei Steffen Frohlich, with his unusual style of fighting and
teaching, has once again proved that the beauty of Bujinkan is in its
varieties and that any master can offer something interesting and
valuable for all of us. After the five days we have spend with him,
we’ve truly learned a lot.
Participants from three countries took part at the seminar: Germany, Montenegro and Macedonia. Being eager to learn more from the shihan Steffen Frohlich, shidoshi Pino Durante and shidoshi Steffen Schulz have arrived from Germany.
The regular training on Thursday (30.10.2008) was lead by the main Bujinkan Macedonia
instructor – Igor Dovezenski, and the shidoshi Steffen Schulz.
Techniques for defense from a knife were practiced and everybody was
more than satisfied with what was presented. That evening showed that
the seminar will have a great atmosphere.
The
next day, to the shihan and to his German students, one of the oldest
megalithic observatory in the world – Kokino, was presented. We have
taken them to the adventure they will remember for the rest of their
lives. The energy collected at that place could have been felt with all
senses.
Regarding
the seminar, no words can describe the atmosphere that floated in the
air. Everybody practiced with the smile on their faces, in their hearts
– a great will to learn. The teaching of the master Steffen Frohlich
was on a really high level. At the first day, everybody tried to repeat
the techniques and to understand its point, but already the second day,
everybody was clear what the master is trying to teach on this Togakure
Ryu Seminar. Until the end of the seminar all the students understood
the principle of Bushi Wa,
through the kata practiced during these two days. Satisfied from the
quality and the knowledge of the sensei Dovezenski, the master Frohlich
often asked him to show his way of fight and his way of presenting kata
and the techniques.
In
regards to the fun and entertainment, as always, it was not lacking.
All the five days of their stay, the guests were shown the beauties of
our country, the way of life, food (which especially delighted them) as
well as the spiritual values we possess. A special relationship between
us was developed. Something that cannot be developed always and with
everybody. A true great friendship was born.
Many restaurants and cafes, good food and vine, many presents, a lot of history – a lot of it in these five unforgettable days.  Much
gratitude for us from the master Frohlich, many good words from his
students Pino and Schulz. Many positive feelings. A friendship for
life.

Tai Kai II Macedonia 2008 / Таи Каи II Македонија 2008

Posted on Categories Home

ac817f1e-92e3-4467-aee6-c762b5ad7375.jpgBujinkan Macedonia / ninjutsu club Taiyou e no Michi (Pat kon Sonceto) announce:

Second Tai Kai 2008 ninjutsu seminar in Macedonia on theme

Togakure ryu ninjutsu with the great german ninjutsu master Steffen Frohlich (15 dan)

Steffen Frohlich is one of the first german students of Soke dr.
Masaaki Hatsumi. He is associate of Bujinkan Dojo since 1983 year, and
for exemplary and unifying activities he was presented the Bujinkan
Golden Dragon Martial Arts Award by Soke Masaaki Hatsumi in 1994 y.

1/2 November, 2008 year     more information **********************************************************

Школото за борбени вештини Пат кон Сонцето /

Буџинкан Македонија ви најавува

Втор Таи Каи 2008 нинџутсу семинар во Македонија на тема

Тогакуре рју Нинџутсу со големиот германски нинџутсу мајстор Штефен Фролих (15 дан)

Штефен Фролих е еден од првите ученици на соке Масааки Хатсуми во
Германија. Тој е член на Буџинкан Доџо од 1983 г., а поради заслугите
за ширење на нинџутсу во Европа, соке го наградил со медаља на Златниот
Змај во 1994 г.

1/2 Ноември, 2008 г.     повеќе информации

Успешно заврши традиционалниот шугендо семинар

Posted on Categories Home

3bf844bb-e664-431d-8837-23c11cbb1bf0.jpgМакедонија е преубава! По кој знае кој пат со ваква мисла, завршивме
уште еден семинар во природа, овојпат посветен на шугендо и планинските
воини Јамабуши.
Во текот на еден ден, успеавме да го заобиколиме целиот планински масив
Липац (Манговица), а при тоа, да ги посетиме сите свети места, цркви и
манастири попатно.
Утрото започна со премин преку ладната Крива Река, а потоа со силен
марш до подврвот на Липац од неговата западна страна. Од тука, преку
доста тежок пат, движејќи се меѓу бодликави грмушки, се пробивме до
јужните падини, каде што наеднаш се појави убава дабова шума. Одејќи
кон исток, како да се сменија неколку годишни времиња, но ниту дождот
не успеа да ни ја намали потребата и желбата да дознаеме „што се наоѓа
позади следниот рид“.
Енергијата ја надополнувавме со техники на дишење, кажување молитви, но
и со вкусните диви шумски плодови. На некои места ползевме, на некои се
искачувавме по вертикални површини, а некаде скокавме од карпа на
карпа.
На источната страна брзо стигнавме до преубавиот Бељаковски Манастир.
Неговата благодатна енергија веднаш ги обнови нашите испразнети ќелии,
а ладната вода од чешмите на „Света Петка“ и на „Света Недела“ ја
изгаси нашата жед.
После речиси девет часа пешачење, натоварени со тешки ранци (ранецот на
сенсеи е 30 кг.) и полна „борбена опрема“, тргнавме за Скопје,
исполнети со чуства од преубавиот ден.

Семинар во природа – Патот на Шугенџа…повторно!

Posted on Categories Home

c7eb53a3-ad70-4c6f-ac1f-3136fedcc164.jpgНа
28 септември, 2008 година, Буџинкан Македонија традиционално го
организира духовното патување во природа наречено Патот на Шугенџа.
Оваа година, си поставивме за цел да направиме обиколка на планината
Липац (Манговица), движејќи се по нејзината средна надморска височина,
при што ќе поминеме низ 10 села. Вкупната километража што ќе ја
изминеме на Патот на Шугенџа е непозната, бидејќи ќе се движиме во
најголем дел по непознат предел, што секако, допринесува за поголемо
уживање во пејсажите, но и поголема будност и претпазливост. Ќе ги
посетиме попатните цркви и манастири, како и останатите свети места,
каде преку медитација и молитва ќе ја надополниме загубената енергија.
Како помошни средства ќе користиме единствено стари топографски карти и
компас.

Шугендо
е древен јапонски метод кој ги истражува релациите помеѓу човекот и
природата. Во буквален превод, Шугендо значи „Пат на вежбање и
тестирање“, односно тоа е аскетска дисциплина која има за цел да
постигне самоусовршување преку повлекување во планина, медитација под
водопади и ладни реки, вежби за дишење на недостапни терени, се до
постигнување на неверојатни подвизи преку тестирање на телесната и
менталната издржливост. Тие кои го практикуваат овој метод, познати се
под името Шугенџа, а учењето се практикува во Јапонија се до денешни
дни.

За
основач на учењето се смета Ен но Гјоџа, кој живеел во близина на Кјото
во 7 век од нашата ера. Другото име, по кое овие следбеници биле
познати, е Јамабуши или Планински Воини. Тие крстосувале по планинските
сртови на јапонските острови посетувајќи и заштитувајќи ги
многубројните храмови.
Токму овие луѓе, здружени со пребегнатите кинески генерали по падот на
диснастијата Танг, се сметат за основоположници на вештината Нинџутсу.

Тема: Патот на Шугенџа / Духовно патување

Ден: 28 септември, 2008 (недела)

Место: Обиколка на Липац (Манговица)

Програма:    07.00 часот – поаѓање од Скопје
                     08.00 часот – пристигнување и почеток на маршот
                     ??.?? –  враќање назад

Цена: 1.000 денари (во цената е вклучено: семинарска такса и превоз)

Опрема: Земете се што имате, колку потешко-толку подобро (и побезбедно).

п.с. Не е исклучена средба со диви животни, дожд и невреме и останатите непредвидени работи.

* Минатата година испешачивме околу 40 км. (види на претходните страници)

Октомври-месец на старокинески оружја во Буџинкан Македонија

Posted on Categories Home

Тема на саботните тренинзи во месецот октомври ќе биде користењето на старокинеското оружје нунчаки.
Како што веќе знаете, нунчаките се дојдени во Јапонија релативно доцна,
и тоа преку островот Окинава, каде што, преземени од Кина, биле
користени од страна на кобудо мајсторите.
Спротивно на ефтините нинџа филмови, нунчаките никогаш не биле дел од
арсеналот на шиноби воините односно не се изучувале во ниту една корју
школа, бидеќи, како што веќе споменавме, во Јапонија пристигнале
релативно доцна (при крајот на 19 век).
Сепак, бидејќи станува збор за многу популарно оружје, особено во
нашата држава, мораме да бидеме спремни да се соочиме со противник
вооружен со нунчаки, а тоа најдобро ќе го сториме ако добро сме
запознаени со орудието.
Затоа, октомври го прогласуваме за месец на старокинески оружја односно за месец на нунчаки.

Најави за новиот семестар !!!

Posted on Categories Home

47a1df2c-abc6-479f-8512-77e67d69529d.jpgКако што веќе знаете, тренинзите во новиот семестар почнуваат на 2
септември. Верувам дека едвај дочекавте да стартувате со вежбање на
најкомплетната боречка вештина на денешницава.
Продолжуваме по старо. Три тренинга неделно по два часа. Еден тренинг
семинар секоја недела, што значи дека остануваме едни од лидерите во
Буџинкан Доџо во однос на семинарите во природа.
Без политика, без озборување, без „овој е подобар од оној“. Само вежбање, вежбање и вежбање.
Кон крајот на месецов не чека традиционалниот „шугендо семинар“. Ќе се
прави обиколка на планината Липац. Ќе се изодат девет села за да се
вратиме на почетната точка.
Во ноември не очекува вториот Таи Каи семинар, со шиханот Стефен Фролих (15 дан).
Во март, следната година, започнуваме со градење на тренинг центарот
(нинџа камп) во подножјето на планината Липац. Истиот месец ќе
организираме Таи Каи со, според нас, најголемиот нејапонски нинџа на
денешницата.
И уште многу други убави работи се на повидок. Се на се, многу работа, многу пот, многу уживање.
Одиме кон врвот…
Буфу Иккан!    Bufu Ikkan!

Известување / Announcement

Posted on Categories Home

Ве известуваме дека Нинџутсу Сојузот Буџинкан Македонија и Школото за
борбени вештини Пат кон Сонцето нема да работат во текот на месецот
август.
Како што знаете, тоа е единствениот период во годината кога нашето доџо не е отворено за вежбање.
Истовремено ве информираме дека на вашите маилови ќе ви биде одговорено после 25 август.
Првиот тренинг во новиот семестар ќе се одржи на 2 септември (вторник).
Ви посакуваме пријатен одмор.

************************************************************

We announce that the Ninjutsu Union Bujinkan Macedonia and the School
for bujinkan martial arts Taiyou e no Michi will not have any
activities during August.
As you know, this is the only period when our dojo take a short break and is not open for practise.
If you have any questions, you will get answers beyond 25 August.
The first training in the new semestar will be on 2 September (tuesday).
We wish you a pleasant holiday.

Преживеавме-повторно…

Posted on Categories Home

fa50a2d6-7a67-4cd2-b774-7581c2d5e31b.jpg…Преживеавме…
За разлика од минатата година, кога имавме температура од околу 45
целзиусови, оваа година семинарот за преживување помина во постојана
борба со дождот и влагата.
Имено, првиот ден од семинарот, помина со постојани врнежи, кои за
кратко време не намокрија до гола кожа. Иако, релативно бргу успеавме
да пронајдеме засолниште односно една полуразрушена куќа, стара можеби
над 150 години, сепак, стрмниот пат дотаму, не успори доволно за да се
намокриме целосно. Употребувајќи го нашето знаење, за кратко време
запаливме оган кој малку ја засуши нашата облека, а на менито
обезбедивме сочни полжави, кои и покрај гадниот вкус, сепак ни
овозможија доволно количини протеини за првиот ден. Остатокот од
времето го поминавме во потрага по вода, која ја обезбедивме од еден
кладенец, и вежбање, кое на ваквите семинари секогаш ги усовршува веќе
научените техники. За вечера имавме зелени (незрели) круши, кои
овозможија колку-толку течност внесена во организмот. За спиење
успеавме да пронајдеме друга просторија, подобра од првата. Станува
збор на куќичка изградена на едно свето место, која служи како некој
вид засолниште на предметите кои се користат за време на славата.
Просторијата беше голема само 2х3 метри, но доволна за да ги поставиме
нашите вреќи за спиење на земја. Со менување на стражата, ноќта помина
релативно добро.
Вториот ден започна со утрински тренинг во 06.00 часот, а потоа
повторно сменивме локација. По еден силен марш, стигнавме во местото
Смкнено каде што минатата година беше поставен нашиот логор. По пат
најдовме неколку дрва со сливи, како и три компири кои ги поделивме на
седум души, колку што учествуваа на семинарот. До крајот на денот се
вежбаа разни техники на медитација, таиџутсу и кенџутсу, како и техники
со други оружја.
Се на се, иако семинарот за преживување беше полесен од тој од минатата година, сепак, си имаше свои потешкотии.
На крајот, сите учесници беа задоволни од самите себе, но и среќни што
научија многу нови техники на преживување, овојпат, во различни услови
од минатата година.