Во организација на Нинџутсу Сојузот Буџинкан Македонија, а во чест на
едногодишнината од формирањето на битолската секција на Школото за
борбени вештини – Пат кон Сонцето, вчера на една од падините на
планината Пелистер се одржа семинар на тема Шинкен Гата Таиџутсу.
На семинарот се обработија различни ситуации на реална голорака
самоодбрана, а на крајот, се вежбаа и неколку техники со меч (кен
џутсу) и со стап (ханбо џутсу).
Семинарот помина во одлична атмосфера, за што се погрижија членовите на
битолското доџо, но и учениците на Хомбу Доџо-то, кои дојдоа во голем
број со цел да им укажат чест на домаќините.
Што друго да се каже и како може да се доживее еден ваков настан, на
кој 17 луѓе, сите со една цел во срцето, за самоусовршување, се дружеа
неколку часа. Кога на едно место, ќе се соберат толку воини (со
искрено срце – сеишин), сеќавањата остануваат врежани во меморијата
засекогаш.
п.с. Фотографии од семинарот во „Фотогалерија“ и колаж фотка во „Семинари“