Јондан и Нидан Шикен во Хомбу

Posted on Categories Home

Веднаш по ХоЏутсу семинарот што се одржа во саботата во Хомбу-то на Буџинкан Македонија, двајца членови на доџото беа тестирани за повисок степен од страна на водачот Игор Довезенски.

Станува збор за долгогодишните ученици Марко Опачиќ, кој успешно положи за Јондан (4 ДАН), како и за Таки Гаковски, кој се здоби со Нидан (2 ДАН). Со ова, Буџинкан Македонија сега има тројца членови со Нидан, како и еден со Јондан, со што уште повеќе се зголемува квалитетот на едно од најдобрите Доџо-а во светот.

Опачиќ и Гаковски се едни од најпосветените ученици на учителот Довезенски, а покрај мајсторските звања во (Буџинкан) Нинџутсу и двајцата се носители и на мајсторски звања во вештината Даито рју Аикиџуџутсу.

Им честитаме за повисоките степени и им посакуваме уште многу години поминати во тренинг во Буџинкан Македонија!