Саншин но ката

Posted on Categories Magazine

Саншин но ката доаѓа во Буџинкан од школата Гјокко рју Кошиџутсу. Во боречките вештини таа е позната и под следните имиња:

        Шо шин гокеи гогјо но Ката
        Сошин го Гата
        Гако но Гата
        Гошин но Ката
        Саншин но Тсуки

Која е важноста на Саншин но Ката?
Важноста
се состои во тоа што во неа се содржани основите на целото наше Дакен
Таиџутсу. Движењата се многу повеќе нагласени отколку во Кихон Хаппо.
Нозете и колената се користат повеќе и со свиткување на колената се
спушта целото тело. Основен принцип на катите е “Кен Таи Ичи Џо”
(Телото, умот и оружјето се едно). Кога се изведуваат во Шо шин гокеи
гогјо но Ката, се работат со големи кружни движења и повеќе наликуваат
на вежба отколку на борбена форма, додека Саншин но Ката е борбена
техника.

 Која е симболиката на природните елементи во Саншин но Ката?
Чи но Ката (Земја)
го претставува најприродниот начин на удирање со осцилирачко движење.
Ова е слично на движењето на рацете кога се движиме (шетаме). Исто
така, Чи но Ката е најстабилната форма на нашето Таиџутсу (земјата е
најстабилна форма во природата). Тоа значи дека кога ја изведуваме оваа
ката, треба да имаме чуство дека нашето камае е цврсто и неподвижно
како планина (земја). Ударот кој доаѓа од долу, ја собира земјата и ја
фрла кон противникот.
Суи но Ката (Вода)
и Ка но Ката (Оган), се смртоносни удари во вратот. Дланката свртена нагоре (Омоте Шутоучи) во Суи
ги фаќа дождовните капки коишто паѓаат од небото кон земјата. Со
попречувањето на водата да стигне до земјата, таа ќе стане сува и
мртва. Меѓутоа, со спречувањето (фаќањето) на капките да паднат врз
огнот, ја засилуваме неговата моќ. Тоа е интеракција помеѓу природните
елементи. Во оваа ката ја менуваме својата положба и ја приспособуваме
кон движењето на напаѓачот, исто, како што водата ја менува својата
форма според релјефот.
Ка
(Оган) е светлина. Раката свртена надолу (Ура Шутоучи)
го чува огнот да не се изгаси. Без светлина нема живот. Но оганот може
лесно да убие. Оваа ката е експлозивна и агресивна и уништува се пред
себе како и пожарот.
Фу но Ката (Ветер)
, користи Шито Кен (Бошикен),
што значи бодеж со палецот (Ши на Јапонски, исто така, значи и смрт) и
удира во харата (долниот дел од стомакот). Со тоа го сопира животот
уште пред да започне. Додека удирате, се движите лесно и го менувате
правецот како ветерот.
Ку но ката (Празнина
)
ги содржи елементите на сите претходни ката. Ку е ништавило. Празнината
во средината на дрвеното тркало е најважен елемент за колата да се
движи. Таму завршуваат сите попречни штици кои го држат тркалото
компкатно. Но без празнината во средина, нема движење напред (напредок).
Саншин
но Ката во минатото се кажувала само на најверните ученици и била дел
од тајното учење Хиден (Хиден – тајна трансмисија) на Гјокко Рју.
сенсеи И.Д.
(Напомена:
Во текстот „давам“ мал дел од тоа што сум успеал да го научам во текот
на 19-годишното вежбање на Саншин но Ката и Гјокко рју како дел од
Буџинкан Будо Таиџутсу. Тоа е начинот на кој што јас ја гледам оваа
ката. Секој што не се согласува со мојот начин, секако, треба да си
„пронајде“ свој.)