Уште еден успешен семинар во природа

Posted on Categories Почетна

4f2a8914-af38-4d7e-a601-2835b127dabb.jpgНинџутсу Сојузот Буџинкан Македонија, вчера одржа уште еден успешен
семинар во природа на тема Укеми Гата Таихенџутсу (вештина на паѓање) и
Атеми но Танрен (зајакнување на ударните површини).
Семинарот се одржа на врвот на планината Липац, до каде што учениците
се искачија со полна „борбена“ опрема за релативно кратко време, што
зборува дека се работи за група која веќе има завидни психофизички
способности.
По искачувањето, учесниците беа вчудоневидени од убавината на Липац и
од неверојатниот пејсаж на околината. На врвот беше рамно, со расфрлани
огромни карпи наоколу, а тревата беше послана со разновидни билки и
цвеќиња, кои уште повеќе ја надополнуваа сликата. Од друга страна, од
врвот се гледаа сите околни ридови, кои пак, од таа висина изгледаа
рамни како тепсија, иако знаеме дека се терасесто поставени.
Тренингот започна со изведување на техники на паѓање, кои најпрвин се
работеа без партнер, а потоа истите се изведуваа преку Наге Ваза и
Гјаку Ваза.
Вториот дел на тренингот беше посветен на зајакнување на ударните
површини на телото, за што помогнаа околните дрвја и карпи, во кои
учесниците „немилосрдно“ удираа со делови од рацете и нозете.
Спуштањето низ планината беше исто толку интересно, бидејќи беше
избрана најстрмната страна на Липац, а малку подоле наидовме на стари
напуштени куќи од 18 и 19 век.

**********************************************************

Ве известуваме дека во текот на месецот мај, нема да се одржуваат
неделни семинари во природа, поради големиот семинар со шиханот Папа
Сан.
Сепак, ќе продолжиме со неделните тренинзи во доџо, а темата на истите ќе ви биде соопштувана за време на редовните тренинзи.