Успешно одржана Работилницата за самоодбрана за жени

Posted on Categories Почетна

bd9250c0-b98c-4ee8-8b28-357ed7028c3f.jpgПозитивна енергија, одлична атмосфера и многу насмевки ја следеа
Работилницата за самоодбрана за жени што ја организираше Школото за
борбени вештини Пат кон Сонцето-Хомбу Доџо.
Припадничките на понежниот пол имаа можност да научат различни техники
на самоодбрана во секакви ситуации, но и од различни профили на
напаѓачи.
На работилницата учествуваше и една дама од Норвешка, со што, настанот доби и меѓународен карактер.
Беше преубаво да се вежба и да се биде дел од дружбата на
работилницата, а најголема награда за инструкторот беа насмеаните лица
и добрите резултати кои беа постигнати.
На крајот, сите учеснички се изјаснија дека со задоволство ја очекуваат
следната работилница на која ќе се обработуваат техники на самоодбрана
со предмети кои можат да се најдат во секоја женска чанта.

******************************************************************

Работилницата за самоодбрана за жени, прва од ваков вид во Македонија,
беше проследена со текст на цела страница во викенд додатокот во
најтиражниот дневен весник во нашата земја, „Дневник“. Целосното
интервју со главниот инструктор на Буџинкан Македонија можете да го
прочитате во „Списание“.