Зимски Нинџа Тренинг - Начини на Преживување во Природа V

Posted on Categories Почетна

Ниските температури што оваа година ја зафатија нашата земја се идеални за одржување на петтиот по ред „Зимски Нинџа Тренинг“. За време на овој настан, членовите на Буџинкан Македонија ги изучуваат техниките на преживување во природа во зимски услови. Деновиве, кога живата на термометарот се спушти и до -20 целзиусови, кога земјата е покриена со снежна покривка, а неретко дува и ветер, се како порачани за сите кои сакаат да се соочат со предизвиците предизвикани од ладното и сурово време.

Како што веќе знаете, воините на Буџинкан Македонија отсекогаш сметале дека вежбањето исклучиво во доџо, каде што постои една безбедна и пријателска атмосфера, можат од секого да направат добар „спортист“ и одличен „салонски нинџа“. Меѓутоа тоа што нас не разликува од останатите, се знаењето и сигурноста што ја чувствуваме кога сме соочени со најтешките предизвици додека се наоѓаме далеку од градовите во кои што живееме. Всушност, ние суровата природа ја доживуваме како наш природен хабитат каде што се чувствуваме како „риба во вода“ односно како да се наоѓаме во наша природна средина. 
Овој семинар е замислен според сценарио дека сме завеани или загубени далеку од нашиот дом, некаде на планина или во шума, и потребно е да ги преземеме сите мерки за безбедност за да можеме да ја преживееме ноќтта, со што ќе си ги зголемите шансите за преживување. На настанот, шидоши Игор Довезенски ги предава токму овие техники кои се неопходен арсенал за секој што сака сериозно да ја изучува вештината позната под името нинџутсу. 
Потребна опрема: нож, коноп и парче памук. Доколку некој има проблем со набавката на потребната опрема, слободно нека се обрати до доџо-ти за да му се излезе во пресрет.  
Предупредување: температурите најверојатно ќе бидат во минус. Теренот е отворен и ветровит. Присуство на диви животни во овој период од годината е нормална појава. Најмалку седум часа без престан ќе бидете изложени на екстремно ладно време. Секој доаѓа на сопствена одговорност.
Понесете со себе топла облека.
Ден: 11.01.2015 (недела)
Место: Млака
Програма:
08.00 часот – поаѓање од Скопје
09.00 часот – пристигнување
09.30 – 16.30 часот – теоретски и практичен дел
17.30 – враќање назад 
Оваа година семинарот е отворен само за членовите на Буџинкан Македонија / Пат кон Сонцето. Прашања и пријавување на и-мејл, на телефон, во доџо или на Форум.