Во саботата што измина, беше одржан последниот семинар за оваа година насловен како: „Тогакуре рју Нинџутсу – Кихон ваза Кеико хо“.
На задоволство на членовите на Буџинкан Македонија што учествуваа на настанот, шидоши Игор Довезенски најмногу внимание посвети на деталите од кери ваза (ножни удари). Покрај основните техники на удирање напред, назад, во страна и во скок, се вежбаа и некои помалку подзаборавени ножни удари, кои на почетокот на деведесетите години на минатиот век беа многу користени од страна на големите мајстори во организацијата Буџинкан.
За време на семинарот, не изостанаа ниту техниките на тркалање (таихенџутсу), а се вежбаа и напади со кусари фундо, потоа одбрана од ханбо (стап), како и техники на голорака борба.
Првиот семинар во новата 2015 година, ќе се одржи во природа, на тема:„Зимски Нинџа Тренинг – Начини на Преживување во Природа“.
Код: 3110