Почетници, напредни членови, но и професионални борци – сите си помагаа и соработуваа за време на денешниот Нинпо Не Ваза семинар. Атмосферата беше неверојатна, а прозорците постојано кондензираа и по нив течеше вода предизвикана од напорниот тренинг.
Инструкторот Довезенски овој пат предаваше многу ситни детали, така што сите учесници имаа можност целосно да ги разберат техниките за борење на земја. Се изучуваа напади и одбрани при најразлични положби, како што се ума нори, кеса гатаме, кочо таи, но и зафати при тркалање, скокови, со употреба на рацете, нозете, па дури и на главата.
Нинпо Не Ваза секогаш предизвикува голем интерес, па така беше договорено во блиска иднина да се одржи уште еден семинар на кој ќе се изучуваат техниките за борба на земја.