Десетата по ред „Работилница за Самоодбрана за Жени“ успеа да собере 26 припаднички на поубавиот пол на едно место и да им овозможи дводневно патување во светот на јапонските класични боречки вештини.
Единаесета година по ред, доџото Буџинкан Македонија го организираше овој настан, а оваа година за прв пат под водство на семпаи Сања Симонова, која заедно со учителот Игор Довезенски предаваа техники за самоодбрана од најразлични ситуации.
На семинарот, учесничките имаа можност да научат како да се одбранат од напади со удар, од приклештување на ѕид, од клоцање, како и од ситуации кога би биле соборени на земја.
Како подршка на Симонова и на Довезенски, постојано беа присутни и постарите ученици на доџото – Владимир Антовски, Михаил Дракалски и Филип Трајановски.
Освен прекрасното дружење и неверојатната атмосфера, сите припаднички на поубавиот пол за време на целиот настан не ја симнаа насмевката од своите лица, а за нас токму тоа претставува најголема потврда за успешноста на Работилницата.
До следната година.