На покана од Нинџутсу Сојузот Буџинкан Црна Гора, Нинџутсу Сојузот
Буџинкан Македонија учествуваше на првиот меѓународен будо таиџутсу Таи
Каи семинар во оваа пријателска земја. На семинарот, кој се одржа во
градот Будва и кој беше беспрекорно организиран, учество земаа околу 60
учесници од неколку земји.
Во текот на двата дена, шиханот Едвард Мартин (Папа Сан) ги подучуваше
учесниците на техники на одбрана од нож, но и на голорака борба (таи
џутсу).
Како и секогаш, покрај техничкиот дел, учителот Едвард Мартин оддели
време за подучување и на менталниот апсект на борбата ( преку куден)
илустрирајќи го тоа со најразлични примери од неговото богато искусто
како будока.
Беше убаво да се видат и нашите стари пријатели од клубовите со кои Буџинкан Македонија веќе со години негува одлични односи.
Во времето предвидено за пауза помеѓу двете сесии, нашата седумчлена
„екипа“ ја посетуваше градската плажа во овој туристички центар и се
капеше во морето, додека вечерите беа резервирани за забава во стариот
дел од градот.
На затворањето на настанот, организаторот на семинарот Предраг
Лазаревиќ, на представникот на Буџинкан Доџо за Македонија Игор
Довезенски, му додели специјално признание за Развојот на Буџинкан
Нинџутсу во Црна Гора.
Им посакуваме на нашите пријатели и понатаму да организираат вакви прекрасни семинари.
Гамбате !!!