Одржан меѓународниот Катори Шинто рју семинар под водство на Ерик Лоув

Posted on Categories Почетна

Во организација на Доџо-то за класични јапонски боречки вештини – Катори Шинто рју Македонија, кое е дел од Организацијата „Пат кон Сонцето“, викендов што измина се одржа семинар за Теншин Шоден Катори Шинто рју Буџутсу. Покрај учесниците од Македонија, специјално за овој настан допатуваа и кобудоки од Холандија и од Романија, со што семинарот се здоби со меѓународен карактер.

Предавач на семинарот беше нашиот учител за оваа најстара документирана јапонска боречка вештина, Ерик Лоув, кој дојде придружуван од тројца свои ученици од Амстердам. Во петокот, тие одржаа специјален тренинг за водачот на Катори Шинто рју Македонија, Игор Довезенски, кој, пак, имаше можност да вежба со сите нив подинечно. Следниот ден, на официјалниот дел од семинарот, се придружија и останатите учесници, меѓу кои и нашите пријатели од Романија, кои неодамна организираа семинар на кој Довезенски ги подучи на основите на ракување со јапонски меч. 

За време на седумдневниот престој во Македонија, сенсеи Ерик, заедно со другите учесници, имаа можност да се запознат со културно-историските споменици, но и да уживаат во убавините на нашата прекрасна земја, која, како што тие велат, при секоја посета ги остава без здив.